Спорт
Тотенхем е на деветто небо
Дури десет гола беа постигнати на неделниот натпревар помеѓу Тотенхем и Виган на Вајт Харт Лејн во Лондон
Англиската премиер лига, а особено Тотенхем доживеа нешто што во изминативе 30 години го немаат доживеано, на еден натпревар да се постигнат дури 10 гола. Тотенхем на домашен терен го торпедира Виган со краен резултат од 9:1, што е вистинска реткост во фудбалот. Во првото полувреме само Питер Крауч беше ефективен на Тотенхем, а останатите девет гола беа постигнати во второто полувреме. Од 51-та до 57-та минута Џермејн Дефо го постигна првите три гола на натпреварот, а помеѓу Шарнер погоди за Виган, но од тимот тоа беше се што можеа да сторат. Арон Ленон го зголеми резултатот во 64-та минута на 5:1, а Дефо до 70 минути пред крајот го зголеми резултатот на 7:1 со уште два гола. Пред самиот крај на натпреварот голманот Киркленд постигна автогол за 8:1, додека во судиското продолжение Крањчар погоди за конечни 9:1.„Постигнавме неколку одлични голови. Головите на Џермејн беа фантастични, Дејвид Бентли имаше неверојатен слободен удар, а и Нико беше фантастичен. Заслужи да постигне гол на крајот на натпореварот. Тоа беше одличен ден за сите, и се додека навивачите уживаат тоа е најважното нешто за нас“, изјави тренерот на Тотенхем, Хери Реднап. Ливерпул одигра нерешено со Манчестер Сити на Енфилд. Мартин Шкртел ги доведе црвените во водство во 50-та минута, а Емануел Адебајор израмни во 69-та. Стивен Ајрланд со пресврт ги говеде граѓаните во водство во 76-та, но Јуси Бенајун израмни за конечни 2:2 по само една минута. Сандерленд беше поуспешен од Арсенал со единствениот гол од Дарен Бент во 71-та минута. Манчестер Јунајтед рутински го победи Евертон со конечен резултат од 3:0 благодарение на головите од Дарен Флечер во првото полувреме и на Карик и Валенсија во второто. Челзи уште во 5-та минута дојде во водство на Стемфорд Бриџ преку Малуда а до крајот на првото полувреме имаше водство од 3:0 против Вулверхемптон благодарение на двата гола од Есиен. Џо Кол во 56-та минута го постави конечниот резултат 4:0.Хал Сити и Вест Хем одиграа нерешено 3:3.Франко постигна гол во 5-та минута за Вест Хем, па Колисон во 11-та зголеми на 2:0. Карлтон Кол постигна автогол за 1:2, а во второто полувреме Хал се засили со двата гола од Зајате и Бујард од пенал. Коста сепак израмни на 3:3 во 69-та минута за Вест Хем.Блекбурн на гости го совлада Болтон со голот на Ричард Дан и автоголот на Рикетс, а Барнли и Астон Вила ги поделија бодовите по ремито во саботата 1:1. Калдвел погоди во 9-та минута за Барнли, а Хески во 86-та израмни за Астон Вила. Бирмингем со единствениот гол на Боујер го совлада Фулам на домашен терен.Најголеми победи во Премиер-лигата:Манчестер Јуанјтед- Ипсвич 9:0 (1995)Њукасл-Шефилд 8:0 (1999)Нотингем Форест-Манчестер Јунајтед 1:8 (1999)Арсенал-Евертон 7:0 (2005)Блекбурн-Нотингем 7:0 (1995)Манчестер Јунајтед- Барнли 7:0 (1997)Арсенал-Миделзброу 7:0 (2006)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.