Спорт
Дрогба царуваше во лондонското дерби
Дидие Дрогба со двата гола во лондонското дерби против Арсенал ги доближи Челзи поблиску до титулата
Челзи со конечен резултат од 3:0 успеа да слави на Емирати во Лондон против томот на Арсенал. Отпорот на Арсенал беше скршен дури во 41-та минута, а по 4 минути Вермален го зголеми водството за „сините“ со автоголот во својот шеснаесетник. Дрогба го постигна третиот гол на натпреварот во 86-та минута по изведувањето на прекрасниот слободен удар од 30 метри. Челзи си ја врати предноста од 5 поени разлика пред Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата. „Важно е Челзи да продолжи да игра како што игравме денес против Арсенал, со упорност и концентрација“, изјави тренерот на Челзи, Карло Анчелоти. Градско дерби се одигра и во Ливерпул каде Евертон го пречека тимот на Ливерпул. „Црвените“ издвојуваа победа од 2:0 над градските ривали со автоголот од Јобо во 12-та минута, гол за кој Хавиер Маскерано тврди дека всушност го постигнал тој, а не фудбалерот на Арсенал, и регуларниот гол од Кајт во 80-та минута. Манчестер Јунајтед беше убедлив во победата на гости против Портсмут со 4:1.Вејн Руни постигна хет трик (два гола постигна од пенал), а четвртиот гол за „ѓаволите“ го постигна Рајан Гигс во 87-та минута. Единствениот гол за Портсмут го постигна Боатенг во 32-та минута.Дури осум гола беа постигнати на натпреварот Вест Хем против Барнли, а конечниот резултат изнесуваше 5:3. До 64-та минута „чеканите“ имаа предност од 5:0, а до крајот на натпреварот Барнли постигна 3 гола за да го намали резулатот на 5:3. Виган минимално со голот на Родалега во 76-та минута го совлада Сандерленд, а Бирмингем на гостински терен исто така минимално го совлада Вулверхемптон со голот од Бојер во 3-та минута. Манчестер Сити и Хал одиграа нерешено по головите од Рајт Филипс во 45-та минута за „граѓаните“ и Булард од пенал во 82-та минута. Истиот резултат остана и во Лондон, каде Фулам и Болтон одиграа 1:1. Класниќ ги доведе Болтон во водство во 35-та минута, но Даф израмни во 75-та минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.