Спорт
Македонија Ѓорче Петров и Слога Југо Магнат со контранапад
На денешната прес-конференција во просториите на клубот Македонија Ѓорче Петров двата тима кои беа исклучени од првата македонска фудбалска лига, Македонија Ѓорче Петров и Слога Југо Магнат, ги потврдија своите ставови дека не се откажуваат од барањата до ФФМ, како и околу исклучувањето
„Остануваме на нашиот став и понатаму со сите правни средства да се избориме за нашите барања. Единствена позитивна работа од нашиот бојкот е тоа што ја натераме ФФМ да работи според статутот и законите. Во изминативе неколку години бевме сведоци за кршење на тој статут“, изјави Драги Митковски, потпретседателот на Македонија Ѓорче Петров.Митковски се осврна на неколку неправилности во македонскиот фудбал: фактот што Слободан Брацо-Вујичиќ контролира три клуба во македонската прва лига, Тетекс, Победа и Работнички, блокираната сметка на Победа, неисполнувањето на условот за настап на ФК Милано во првата лига затоа што не го исполнува условот за минимум професионални фудбалери од 13 октомври, клубовите кои ги немаат исплатено обврските до тренерите, па тренерите се приморани да ги водат натпреварите од трибините.Тренерот на Слога Југо Магнат, Рафет Муминовиќ, потенцираше дека му било понудено мито, во плик, од страна на службеник на ФФМ, а истакна и дека се прават малверзации во завршната сметка на ФФМ за 2008 година, која не е усвоена за која тој нема увид, а од него се очекува да ја изгласа.„Од каде му храброст на некој службеник на ФФМ, мене ми даде коверт во кој има пари. Ниту ми објасни зошто се тие пари и зошто ми следуваат“, Изјави Муминовиќ. Претседателот на Македонија Ѓорче Петров, Драги Митковски, пак, се задржа околу исклучувањето на двата клуба од првата лига.„Зошто комесарот за натпреварување на ФФМ не ја исклучи Македонија Ѓорче Петров, веднаш откако не отидовме да го одиграме куп натпреварот со Тетекс, во Тетово. Дали комесарот кој ја води лигата калкулираше уште еден натпревар да не биде одигран, па дури потоа да донесе одлука која се уште на ја немам видено, ниту формално-правно примено. Дали правилата важат за сите еднакво или селективно? На собранието на делегатите кое се одржа во некој од хотелите, на 117 делегати им било платена дневница од по 5.000 денари. Дали се ова нашите средства кои се делат за банкети, кампањи, гласања?“ запраша Митковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.
Спорт
Колку заработи Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?
Прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност.
Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“.
Ѓоковиќ најверојатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, пред најважните турнири во годината, додека Хрватите пишуваат дека, без разлика на се, Иванишевиќ добро заработил од оваа соработка.
Соработката на ова дуо траеше речиси шест години, во кои Ѓоковиќ освои 12 грен слем титули.
Наводно, Ѓоковиќ му плаќал на Иванишевиќ од 6.000 до 10.000 евра неделно, односно легендарниот Хрват добивал 10 отсто премија од заработката на српскиот тенисер на турнирите.
Иванишевиќ заработил повеќе од 300.000 евра само од плата минатата година.
Ако ја земеме таа бројка како просечна заработка на Иванишевиќ за време на соработката со Ѓоковиќ и процентот од освоените турнири, Иванишевиќ во последните шест години како тренер на најдобриот тенисер во светот заработил помеѓу два и четири милиони евра.
Инаку, Иванишевиќ во кариерата како активен играч заработи околу 16 милиони евра. Кариерата во која освои еден грен слем (Вимблдон), Иванишевиќ ја заврши во 2011 година.
Спорт
Калафиори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми
Јувентус бара нови играчи во одбраната, откако е извесно дека Бремер ќе се пресели во Манчестер јунајтед.
Еден од можните наследници на Бразилецот е фудбалерот на Болоња, 21-годишниот Рикардо Калафиори. Барем така сметаат во клубот, бидејќи фудбалерот не е ни најмалку импресиониран од интересот што за него го покажа славниот италијански клуб.
Играчот чија вредност според „Трансфермаркт“, скокна од пет милиони евра на 25 милиони евра од октомври минатата година е под договор со Болоња до летото 2027 година.
Калафиори вели дека сака да го испочитува договорот што го има со актуелниот клуб отколку да се пресели во Јувентус.
„За мене Јувентус би бил чекор назад во споредба со Болоња, клуб кој работи на вистински начин. Попрво би останал овде отколку да го облечам дресот на Јувентус. Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми. Нема пари за кои јас би отишол таму“, изјави Калафиори.