Спорт
Арсенал поразен од Сити, Челзи од Блекбурн
Арсенал беше поразен во четврт- финалниот натпревар од Манчестер Сити, со конечен резултат 3:0 а Челзи по пенал рулетот на натпреварот против Блекбурн
Манчестер Сити се квалификува во полуфиналето од Карлинг купот откако во вчерашниот натпревар на домашен терен го совлада Арсенал, со головите од Тевез во 50-та минута, Рајт Филипс во 69-та и Вејс во 89-та минута. Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер видно разочаран од конечниот резултат, одби да се ракува со тренерот на Манчестер Сити, Мартин Хјуз, потег кој Хјус го сфати како навреда. „Јас и мојот тим игравме на Емиратите и бевме победени со резултат 6:2 и јас сепак му подадов рака на Венгер. Јас сум малку разочаран. Треба да биде малку повеќе грациозен и во поразот, а секогаш треба да се подаде раката“ изјави Хјуз. Кога на Венгер по му се посочило за грешката и дека ракувањето по натпревар се смета за чин на „професионална учтивост“, Венгер саркастично договорил „немам професионална учтивост“. Блекбурн го совлада фаворитот Челзи на пенали со конечен резултат 4:3, откако во регуларниот дел од натпреварот беше 3:3. Резултатот за „Роверс“ го отвори Калиниќ во 9-та минута, а Дрогба израмни за Челзи дури во 48-та. Калу го доведе Челзи во водство во 52-та минута, а Емертон израмни во 64-та. Додатното време донесе два гола од секој тим. Мекарти од пенал во 93-та минута погоди за Блекбурн а Фереира во 122-та минута за Челзи. Во пенал рулетот Пол Робинсон го одбрани последниот удар од новото засилување Гаел Какута, со што Блекбурн се пласира во полуфиналето од Карлинг купот. Во првиот четврт- финален натпревар Манчестер Јунајтед го совлада Тотенхем со 2:0, а Астон Вила со 4:2 на гостински терен беше подобар тим од Портсмут. Во ждрепката за полу- финалето од Карлинг купот, беа извлечени следниве парови: Манчестер Сити- Манчестер Јунајтед, Блекбурн- Астон Вила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Замената за Клоп Ливерпул ја најде во Лисабон
Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерпул и ќе замине на долг одмор, фудбалска јавност шпекулира кој ќе биде новиот тренер на „црвените“.
Како очигледен избор се истакна поранешниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо (42). Неговиот Баер Леверкузен игра неверојатно добар фудбал оваа сезона. Статистиката на германскиот тим е 38 натпревари без пораз во сите натпреварувања, со 109 постигнати голови.
Извесно е дека Чаби Алонсо ќе им ја донесе на „фармацевтите“ првата шампионска титула во клупската историја, со која ќе ја прекинат единаесетгодишната доминација на Баерн.
Сепак, од релевантни извори во Германија доаѓаат информации дека Алонсо ова лето нема да го напушти Леверкузен, а доколку реши да замине од Баер, ќе остане во Германија и ќе се се пресели во Минхен.
„Скај Спортс“, пишува дека Ливерпул покажал сериозен интерес за Португалецот Рубен Аморим (39), тренер кој четири години е на клупата на Спортинг, а претходно беше тренер на Брага. Тој користи систем со три стопери исто како и Алонсо, а неговиот напаѓачки стил на игра му донесе титула на Спортинг во првата сезона на Аморим.
Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.
Спорт
Колку заработи Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?
Прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност.
Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“.
Ѓоковиќ најверојатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, пред најважните турнири во годината, додека Хрватите пишуваат дека, без разлика на се, Иванишевиќ добро заработил од оваа соработка.
Соработката на ова дуо траеше речиси шест години, во кои Ѓоковиќ освои 12 грен слем титули.
Наводно, Ѓоковиќ му плаќал на Иванишевиќ од 6.000 до 10.000 евра неделно, односно легендарниот Хрват добивал 10 отсто премија од заработката на српскиот тенисер на турнирите.
Иванишевиќ заработил повеќе од 300.000 евра само од плата минатата година.
Ако ја земеме таа бројка како просечна заработка на Иванишевиќ за време на соработката со Ѓоковиќ и процентот од освоените турнири, Иванишевиќ во последните шест години како тренер на најдобриот тенисер во светот заработил помеѓу два и четири милиони евра.
Инаку, Иванишевиќ во кариерата како активен играч заработи околу 16 милиони евра. Кариерата во која освои еден грен слем (Вимблдон), Иванишевиќ ја заврши во 2011 година.