Спорт
Победата на Јувентус го одбележа колото во Калчото
Торинскиот клуб Јувентус на домашен терен го победи шампионот Интер во дербито на Италија со резултат од 2:1
Јувентус победи во саботниот Дерби натпревар против Интер од италијанската Серија А со конечен резултат од 2:1. Фелипе Мело во 20-та минута погоди за водство на „бјанко- нерите“ од 1:0 по несмасната одбрана на Цезар во шеснаесетникот на Интер. Самуел Ето израмни за Интер по само 6 минути а со нерешениот резултат играчите отидоа на паузата. Трите бода во второто полувреме за Јувентус му ги донесе младиот Клаудио Маркизио во 58-та минута. Во 87-та минута Мело го доби вториот жолт и автоматски црвен картон за стартот врз Балотели.„Нашата верба и убедување променија многу. Знаеме дека Интер се одличен клуб, но победата над Интер беше многу важна. Мораме да продолжи ме вака да играме и да не го изгубиме патот, и се разбира да не заборавиме дека Милан се на бод пред нас, „изјави Маркизио.Во неделата имаше уште еден дерби натпревар, но овојпат во Рим каде што градските ривали си ги одмерија силите, но Рома ги однесе трите бода, благодарение на голот од 78-та минута од Марко Касети.Давид Пизаро беше исклучен од тимот на Рома поради двата жолти картони во рок од само две минути. Милан убедливо славеше во Милано, против Сампдорија со резултат од 3:0, благодарение на головите на Марко Бориело, Кларенс Сидорф и Алесандре Пато во првото полувреме.Фиорентина на домашен терен ја совлада Аталанта со головите од Варгас во првото и Џилардино во второто полувреме. Истиот резултат остана на натпреварот Ливорно- Киево, каде гостите од Верона беа поуспешни со головите од Ригони во првото и Бентивољио во второто полувреме.Во средината на првото полувреме Ливорно остана со 10 играчи по исклучувањето на Лукарели. Џенова и Парма ги поделија бодовите откако одиграа нерешено 2:2. Палакио погоди за водство на домаќините во 14-та минута, но Бијабијану израмни во 37-та. Истиот играч во второто полувреме зголеми за 2:1, но Паладино израмни Џенова и за конечен резултат од 2:2.Интересен натпревар со многу пресврти, голови и црвени картони се одигра во Неапол каде Наполи го совлада Бари. Барето дури во второто полувреме го отвори резултатот, а Куагриарела израмни по 5 минути за Наполи. Ранорочија го зголеми резултатот за гостите во 62-та, а Маџо и Куаргиарела ги поставија конечните 3:2. Палермо дома на Сицилија го победи Калјари со резултат 2:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.