Спорт
Тајгер Вудс се откажува од голфот
Најдобриот голф играч на сите времиња, во петок навечер соопшти дека прекинува со професионалното занимавање со овој спорт, како што рекол – „на неодредено време“
„Многу сум свесен за разочарувањето и болката што моето неверство им ги нанесе на многу луѓе, пред се’ на мојата сопруга на децата. Повторно на сите сакам да им кажам дека многу жалам и барам прошка“, стои во изјавата на Тајгер Вудс поставена на голферскиот интернет портал Devil Ball, пренесоа агенциите. Вудс меѓу другото вели дека прекинувањето на играњето голф го прави за да се посвети на семејството, односно, како што вели „да бидам добар сопруг, татко и подобра личност“. Спортските коментатори, но и економските аналитичари во САД велат дека е тешко да се проценат последиците од повлекувањето од светот на голфот на Тајгер Вудс, врз неговите деловни партнери, организаторите на PGA Tour натпреварувањата итн., бидејќи тој е најбогатиот спортист во светот кој прв заработи повеќе од милијарда долари, а околу неговото име се вртат огромно бројки. Инаку, Вудс требаше да се врати на терените кон крајот на 2010 г, откако со неговиот џип направи чудна сообраќајка удирајќи во хидрантот во дворот на соседот при што се повреди. Неодамна осум девојки на американските таблоиди им понудија докази дека имале врска со Вудс, а по избувнувањето на аферата за неговото неверство медиумите веќе не објавуваа реклами на кои се појавува тој. Елдрик Тонт „Тајгер“ Тонт кој во февруари 2010 г. ќе наполни 34 години, само во 2008-та од реклами заработи чисти 105 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.