Спорт
Доделени 500-те стипендии на талентирани спортисти
Стипендиите „Спортска надеж“ што ги доделува македонската Влада и Агенцијата за млади и спорт дво недела веа врачени на млади и талентирани спортисти до 20 години
На 40-те талентирани спортисти во 40 различни спортови, стипендиите им ги врачи премиерот Никола Груевски, посакувајќи им успешна 2010 г.„Стипендиите можеби и не се толку големи, но претставуваат значаен стимул за градењето професионален спортски лик. Тие се значајни затоа што говорат дека нашите очи се вперени кон вас, дека веруваме во вас, дека полагаме надежи и ќе направиме се’ што е потребно Република Македонија да биде горда на вашите идни резултати и постигнувања“, рече премиерот Груевски.Груевски рече и дека Владата во изминатите неколку години најави силна активност на полето на спортот со бројни капитални проекти за развој на македонскиот спорт, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи да гради што повеќе спортски објекти и да работи за да ги подобриме условите во кои тренираат македонските спортисти за државата да се гордее со шампиони и големи спортски имиња. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски потенцираше дека проектот за доделување 500 стипендии ќе стане традиција во наредните години. „Оваа акција, прва во историјата на македонскиот спорт, треба да биде голем поттик за младите да спортуваат, да победуваат и да продолжат да се надградуваат, знаејќи дека токму државата стои зад нив и правилно го валоризира нивниот труд“, изјави Ѓурчевски.Стипендијата „Спортска надеж“ се додделува втора година и ги опфаќа сите спортови во Македонија. Таа е за период од една година и изнесува 20 отсто од просечната плата. Избрани се најуспешните млади спортисти во минатата сезона, на предлог на националните спортски федерации, согласно со Законот за спорт и Уредбата за доделување на стипендијата „Спортска надеж“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ендика немал срцев удар, може повторно да игра
Еван Ендика колабираше на теренот на Фриули, но не беше ништо сериозно, па му беше дозволено да се врати на теренот.
Најпрво се чинеше дека играчот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска има проблеми со срцето. Сепак, тоа не беше така, а тренерот Даниеле де Роси откри дека се работи за белите дробови.
– Тешко е да се справиме со моменталната белодробна инсуфициенција. За среќа, се се заврши добро. Нема проблем со срцето – од тоа првично се плашевме – изјави Де Роси.
Ендика бил пуштен од болница и можел да се врати на терен. Самиот натпревар помеѓу Удинезе и Рома беше прекинат во 70. минута при резултат 1:1.
Спорт
Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи
Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се против идејата Дубаи да се приклучи во елитното натпреварување.
Иако пред неколку месеци беше претставено дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од европското натпреварување, може да дојде до пресврт.
Парите кои тимот би ги донел во Евролигата засега не се доволна причина.
„Енцестандо“ пренесува дека Реал е предводник на клубовите кои се противат на влезот на Дубаи цели седум години.
Наводно на страната на Реал застанале и Фенербахче и Баерн кои не сметаат дека парите треба да бидат пресуден фактор.
Еден од проблемите што би можел да го донесе Дубаи е нарушувањето на пазарот на играчи, бидејќи може да понуди многу повисоки плати од оние што моментално се во Европа.
Таму не се плаќаат даноци, па би било многу полесно да се ангажираат играчи отколку во другите европски земји.
„Енцестандо“ пренесува дека Дубаи наводно веќе им понудил договори на некои од играчите на најдобрите европски тимови со избраниот тренер Светислав Пешиќ.
Шпанците пишуваат и дека датумот кога ќе се гласа за влез на Дубаи се уште не е ни блиску.
Првобитното гласање требаше да се одржи во средината на март, а потоа беше одложено.
Во меѓувреме Дубаи е примен во АБА-лигата и примарната идеја е следната година прво да игра во Еврокупот, па дури потоа да дојде за прием во Евролигата.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024