Контакт

Спорт

Македонското карате одлично претставено на Гран при Хрватска

Објавено пред

Кадетско-јуниорската репрезентација на 8 јануари 2010 г. учествуваше на Меѓународниот турнир Гранд при на Хрватска, што се одржа во Самобор, Хрватска

dobivaj vesti na viber

На првенството учествуваа 18 репрезентации и 124 клубови со вкупно 1.040 натпреварувачи. Македонската екипа учествуваше со 52 натпреварувачи, кадети и јуниори, во кати и борби.Македонските претставници на ова силно натпреварување ги постигнаа следните резултати: во категоријата јуниори -61 кг., Тодор Ристески (од клубот Спорт 94-Прилеп) го освои златниот медал. Тој во првото коло го победи Пеиќ (Хрватска) со резултат 2:0, во второто коло победи уште еден домашен натпреварувач со 6:2, трето коло победа над Јоксиќ (Србија) со 1:0. Во финалниот меч го победи натпреварувачот од  Црна Гора со 2:1.Во категоријата јуниори -55 кг., Ристе Додески (Македонка Ш) го освои сребрениот медал. Во првото  коло го победи натпреварувачот од Хрватска со 1:0, во второто коло натпреварувачот од Црна Гора 1:0. Во финалето Додески  беше поразен од натпреварувач од  Црна Гора со резултат 0:7.Во категоријата јуниори -68 кг., Бојан Јовановски (Металург), го освои бронзениот медал. Прво коло победа над натпреварувач од Хрватска со 6:0, второ коло победа на натпреварувач од Црна Гора со 1:0. Во третото о коло изгуби од Маркач (Словенија) со резултат од 0:1. Во репасажната борба за трето место го победи натпреварувачот од Србија со изедначен резултат и изгласување на судиите за Бојан Јовановски.Во категоријата јуниори до 21 година -68 кг., Никола Рилак (Македонка Ш) го освои бронзениот медал. Тој во прво коло победи натпреварувач од Хрватска 3:0, во второ  коло повторно натпреварувач од Хрватска  со 1:0. Пораз во трето коло од Покорни (Австрија) со резултат 0:3. Во борбата за трето место го совладува натпреварувачот од Црна Гора со 6:1.Во категоријата кадети -57 кг., кадетите доминантни и освоија два медала, и тоа:Виктор Крстевски (Металург) го освои сребрениот медал и Мурсел Мисини кој го освои бронзениот медал. Виктор Крстевски до финале стигна со победа на натпреварувач од Босна со 2:0, натпреварувач од Словенија со 1:0 и победа на натпреварувач од Хрватска. Во финале загуби од Италијански натпреварувач со резултат 0:1. Мурсељ Мисими во прво коло победа над натпреварувач од Црна Гора со 1:0, второ коло победа над натпреварувач од Хрватска  со 1:0, трето коло победа повторно над натпреварувач од Хрватска со 4:1. Во четврто коло пораз од натпреварувач од Италија со 5:1. Во репасажната борба победи натпреварувач од Италија со резултат 3:1.Во категоријата кадети  -70 кг., Мартин Петрески (Спорт 94-Прилеп), го освои бронзениот медал. Тој во прво коло го победи натпреварувачот од Австрија со 3:0, во второ коло изгуби од  Петров (Србија) со 1:1 и  изгласување на судиите за Петров од Србија. Во репасаж победа над натпреварувач од Црна Гора со 2:0 и натпреварувач од  Хрватска со резултат 4:1.Во кати нашите репрезентативци освоија три бронзени медали и тоа: кадетката Нина Ѓорѓевиќ од Јошитака (1 пораз и 3 победи во репасажните борби), и јуниорките Тијана Колеска од Ронин (4 победи и 1 пораз) и Пуликсенија Јовановска исто така од Ронин (3 победи и 1 пораз).Екипата ја предводеа селекторите Петар Белистојаноски и  Кирче Патреклиев и помошник селекторот за кати за кадети, јуниори и сениори Стојан Андриевски. На ова првенство македонското карате беше претставено и преку судиите Златко Димоски, светски судија за кати, Боби Војдиновски и Нуредин Месими -европски судии во кумите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ го искористи петтото прогласување за најдобар спортист на планетата за да ги открие своите идни планови.

dobivaj vesti na viber

Српскиот тенисер, на новинарите во Мадрид им откри дека се ште не размислува за пензионирање.

„Мојата најважна цел годинава е златен медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, немаше ни да играм. Секогаш мора да верувате дека се е можно во животот. Којзнае дали повторно ќе имам таква шанса. Сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи.

Тој објасни и зошто решил да не игра на Мастерсот во Мадрид.

„Го подготвувам своето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Игрите и Ју-ес Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам за две недели да учествувам на Мастерсот во Рим. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. Сè уште сум млад, ми останува уште многу време за игра“, се пошегува Ѓоковиќ, кој за околу еден месец полни 37 години.

Прикажи повеќе...

Спорт

Крај на сезоната за Де Јонг

Објавено пред

Фудбалерот на Барселона Френки де Јонг го повреди скочниот зглоб на натпреварот против Реал Мадрид. Холанѓанецот во финишот на првото полувреме, со помош на лекарскиот тим го напушти теренот.

dobivaj vesti na viber

Барселона ја потврди повредата на Де Јонг без да прецизира колку време ќе биде надвор од терените.

Каталонските медиуми објавија дека Холанѓанецот ќе отсуствува пет недели, што значи дека оваа сезона за него заврши.

Според истите извори, 26-годишниот холандски репрезентативец би требало да биде подготвен за Европското првенство кое е закажано од 14 јуни до 14 јули.

Холандија на ЕП ќе игра во групата Д со Франција, Полска и Австрија.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Филаделфија за 30 секунди испушти +5 – Њујорк во серијата води со 2:0

Објавено пред

Њујорк Никс во нестварна завршница успеаја да ја совладаат Филаделфија со 104:101 и поведоа со 2-0 во серијата.

dobivaj vesti na viber

На Филаделфија не и помогна тоа што имаа водство од 101:96 на 30 секунди пред крајот на четвртата четвртина… Сепак, тогаш Брансон погоди тројка од дриблинг, а во следниот напад Донте ДиВинченцо покажа зошто тој е еден од најдобрите шутери во оваа сезона во НБА и тој погоди тројка.

На крајот, Тајрис Макси промаши, а Оу-Џи Ануноби од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат 104:101. Џоел Ембид се обиде во последната секунда од тешка позиција, но не успеа да му донесе продолжение на својот тим.

Во демонстрација на физички напорна кошарка, која често недостасува во текот на регуларниот дел, беа забележани многу дуели кои беа полни со физички контакти.

Според американските медиуми, Сиксерси не биле задоволни од судењето, па ќе поднесат официјална жалба до раководството на НБА.

Џејлен Брунсон беше најефикасен кај победниците со 24 поени, но со очаен шут од поле – 8/29. Тој забележа и осум скока и шес асистенции. Џош Харт ги одигра сите 48 минути за тимот на Том Тибодо и за тоа време забележа 21 поен (7/16 од поле), 15 скока и три асистенции.

Донте ДиВинченцо додаде 19, Ајзеаа Хартенштајн 14, а Оу-Џи Ануноби 10 поени во тимот за кој, да потсетиме, поради повреда не настапува Џулиус Рендл.

Филаделфија го доби во нападот она што го бара од двајцата најдобри играчи, но целосно потфрли остатокот од екипата. Тајрис Максинатпреварот го заврши со 35 поени (12/22 од поле), девет скока и 10 асистенции.

Џоел Ембид одигра 39 минути и покрај тоа што се уште не е целосно закрепнат од повредата на коленото и имаше 34 поени (12/29 од поле, 8/12 слободни фрлања), 10 скока и шест асистенции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 час

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека...

Свет2 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија2 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет2 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија2 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет3 часа

Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија16 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија17 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија18 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија19 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија21 час

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија21 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија22 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија23 часа

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија23 часа

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија23 часа

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија24 часа

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа24 часа

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа1 ден

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...