Спорт
Барса на Руни му нуди плата од 8 милиона евра годишно
Англискиот весник Daily Star од извори од Барселона, дознава дека на играчот на Манчестер јунајтед му е понудена плата која не може да се одбие
Станува збор за понуда за Вејн Руни, од страна на каталонскиот гигант вредна осум милиони евра, нето-плата по сезона или по 200 илјади фунти неделна нето-плата. Daily Star наведува и дека тренерот на Барселона, Пепе Гвардиола, веќе ги запознал своите играчи со намерата Руни да биде доведен веќе од идната сезона.Инаку, договорот со Манчестер јунајтед на Руни му истекува во 2012 г. Менаџерите на англискиот репрезентативец наскоро треба да почнат преговори со раководството на Манчестер јунајтед за продолжувње на договорот и згоелмување на примањата што би стоеле во новта калузула. Руни веќе изјави дека сака кариеарата да ја заврши на „Олд трафорд“, но бара минимална плата од 140 илјади фунти неделно, но неговиот актуелен клуб е преоптоварен со долгови. Шпанските медиуми оваа седмица шпекулираа дека раководствата на двата најголеми тамошни клуба, Барселона и Реал Мадрид се подговтени да плата дури 80 милиони фунти за ѕвездата на Јунајтед.Спортскиот портал Goal.com во вторникот успеал да контактира со еден од мензџерите на Руни за да ја провери оваа информација, од кого добил потврда дека наскоро ќе се преговара со Манчестер јунајтед за нов договор, но дека тие а и самиот играч сметаат дека Руни треба да биде еден од најплатените играли на светот. Менаџерот кому не му се открива името, рекол дека примиле вече многу примамливи понуди од големи клубови.На почетокот од седмицава славниот клуб од „Олд Трафорд“ ја објави својата финасиска состојба, која е многу лоша и покажа дека минатогодишната продажба на Кристијано Роналдо била повеќе од нужност.Со 80-те милиони фунти кои Реал Мадрид ги плати за Португалецот, Манчестер јунајтед минатата фискална година ја заврши во позитива.Сепак, останува огромниот долг од 509,5 милиони фунти, поради што преовладува мислењето дека клупската управа ќе се реши да го стави на продажба Вејн Руни. Стандардниот англиски репрезентативец, имено, е единствениот што на фудбалскиот пазар може да постигне цена која се проценува до 70 милиони фунти, колку-толку приближна на рекордниот трансфер на Роналдо со што барем малку ќе се ублажи очајната финансиска ситуација на актуелниот англиски шампион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мајами победи во Бостон, Оклахома го згази Њу Орлеанс
Мајами го изедначи резултатот против Бостон на 1:1, а Оклахома победе со 2:0 во серијата против Њу Орлеанс.
Мајами и без Џими Батлер победи во Бостон со 111:101. Мајами против најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната постигна 23 тројки, што е рекорд на франшизата во плеј-офот.
Тајлер Хиро погоди шест тројки, а Кејлеб Мартин пет, тие беа и најефикасни во редовите на франшизата од Флорида.
Хиро постигна 24 поени со 14 асистенции и пет скока, додека Мартин додаде 21 поен, колку што имаше и Бем Адебајо, кој додаде и десет скока со две асистенции. Српскиот репрезентативец Никола Јовиќ забележа 11 поени (тројки 3/4), девет скока и шест асистенции.
На другата страна Џејлен Браун постигна 33 поени со осум скока и асистенции, додека Џејсон Тејтум имаше учинок од 28 поени со осум скока и три асистенции.
Оклахома максимално ја искористи предноста на домашниот терен во пресметката со Њу Орлеанс.Тандери го декласираа противникот со 124:92.
Шаи Гилџис-Александер, кандидат за МВП признанието, повторно беше првата виолина на Тандер.
Тој постигна 33 поени со три скока и пет асистенции и две украдени топки. Расположен беше и Чет Холмгрен кој постигна 26 поени со седум скока и асистенција, додека Џејлен Вилијамс додаде 21 поен.
На другата страна, Јонас Валанчиунас постигна 19 поени, Брендон Играм и Херберт Џонс додадоа по 18, додека Си Џеј МекКолум постигна 15 поени.
Спорт
Брејк на Фенер во Монако и на Олимпијакос во Барселона
Кошаркарите на Фенербахче и Олимпијакос славеа како гости бво Монако и Барселона, во првите плеј-оф натпревари во Евролигата.
Фенербахче, во малото кнежевство славеше по дополнителните пет минути со 95:91. Во регуларниот дел натпреварот заврши 81:81. Победата на Фенер ја засени повредата на Скоти Вилбекин, кој веројатно нема да биде подготвен за вториот натпревар.
Во победничкиот тим најефикасен беше Најџел Хејс-Дејвис со 19 поени, Ник Калатес додаде 17, а Нејтан Сестина 16 поени.
Во редовите на Монако Ели Окобо имаше 19, а Џордан Лојд и Мајк Џејмс постигнаа по 16.
Следниот натпревар се игра на истото место во петок на 26 април од 19 часот.
Олимпијакос во „Палау Блауграна“, го контролираше натпреварот од првата до последната секунда и заслужено ја победи Барселона со 77:75. Имаше Олимпијакос 13 поени предност во третиот период, Барселона се врати во мечот со серија 8:0. До крајот на натпреварот играчите на грчкиот тим ги одбија сите напади на Барселона.
Црвено-белите до брејк стигнаа со 15 поени на Најџел Вилијамс-Гос, 14 на Ајзеа Кенан, додека Петрушев имаше 12 со пет скока, а Мустафа Фал 11 поени.
Во тимот на Барселона Вили Ернангомез и Џабари Паркер постигнаа по 13 поени, Алекс Абриаес 11, а Рики Рубио 10 поени.
Вториот меч на програмата е во петок во Барселона.
Спорт
(Видео) Аталанта ќе се бори за трофејот во Купот на Италија
Аталанта вечерва избори пласман во финалето, во Кушот на Италија. Во реваншот, талнат ја победи Фиорентина со 4:1.
Предноста со која Фиорентина допатува во Бергамо ја анулира Копмајнерс во осмата минута.
Фиорентина остана со фудбалер помалку во 53.минута, кога Миленковиќ како последен човек во одбраната направи фаул врс Скамака.
И со играч помалку Фиорентина успеа да изедначи преку Мартинез Кватра во 68.минута. Работите во вкупниот резултат ги врати Скамака со евро-гол во 75.минута.
Драмата кулминираше во самиот финиш Лукман погоди во 95. за 3.1, а три минути подоцна точка на натпреварот стави Пашалиќ.
Фиорентина сигурно ќе има жестоки поплаки за судењето на Ла Пења. Впечаток е дека Фиорентина не доби пенал при водство на Аталанта 1:0, а исто така спорен е почетокот на акцијата при третиот гол, кога Бираги беше фаулиран, а и спорна е позицијата на стрелецот на голот Лукман.
Таму ги чека Јувентус кој претходно го победи Лацио.
Финалето е закажано за 15 мај.