Спорт
Дупнати сите топки на одбојкарките на Форшпед
Велешката одбојкарска екипа последниот натпревар го одигра откако тренерот Љупчо Гинов донесе топки од дома
Одмазда, саботажа или нешто трето. На кого толку многу му згрешиле одбојкарките на „Форшпед“ за да се реши на еден радикален чекор. Неделниот натпревар против струмичката екипа „Македонија макс“ за малку немаше да се одигра бидејки сите 15 топки со кои располага екипата од Велес беа дупнати.
Засега јавно никој не коментира како можело да се случи тоа и кој е сторителот. Настанот е пријавен кај надлежните органи кои треба да спроведат истрага. Најчудно во случајов е како можел сторителот да направи такво нешто, ако се знае дека салата на ОУ „Блаже Конески“ има чуварска служба, а опремата е затворена во клубските простории.
Од Форшпед велат дека топките ги купил грлкиот спонзор кој годинава ја презеде екипата и одбиваат да кажат дека тоа е некаква одмазда кон него бидејки односот на сите во еипата бил коректен и на потребното ниво.
Закажаниот натпревар се огигра благодарение на тренерот Љупчо Гинов кој од дома донел неколку топки. Форшпед со 3:0 по сетови ја победи „Македонија макс“ и останува конкурент за највисок пласман на табелатаОва е втор случај во Велес од ваков тип.
Велешани го помнат инцидентот од пред 10-тина години на Градскиот стадион, кога малку требаше да не се одигра првенствен прволигашки натпревар, бидејќи стативите преку ноќ беа офарбани во зелено, како револт од работата на Топилницата. Раководството на „ФК Борец“ тогаш мораше да се растрча в недела попладне да купува боја и ги префрбата рамките на голот, по што натпреварот сепак се одигра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.