Спорт
Портсмут дефинитивно во стечај
Англискиот премиерлигаш Портмуст стана првиот клуб од најелитното натпреварување во Британија кој заврши во стечај а англиската фудбалска федерација им одзема девет бодови со што уште повеќе се оддалечи од спасување од испаѓање од лигата
Портсмут во моментот е должен меѓу 70 и 80 милиони евра и единствен излез од целата ситуација беше стечајот.„Се наоѓаме во тешка, речиси очајна ситуација. Но мораме да се обединиме за да се обидеме да најдеме излез“, изјавил спортскиот директор Марк Џејкоб.Навивачите на „помпеите“страхуваат дека тоа е само првиот чекор кон гаснењето на клубот кој е основан пред 112 години. Неговиот сегашен сопственик, веќе четврти во последната година, хонхоншкиот бизнисмен Бaлрам Чаинраи веќе еден месец безуспешно се обидува да го продаде клубот, но засега понуда нема а по одземањето и на минималните шанси за опстанок, најверојатно е дека тешко ќе се најде заинтересиран, бидејќи клубот и досега беше .последен на табелата и сега има само седум бодови. Чаинраи, во вторникот издаде соопштение во кое наведе дека заедно со другите инвеститори се во преговори со неколку потенцијални купувачи на Портсмут, но и дека е многу малку веројатно дека ќе биде постигнат договор до 1-ви март кога судот ќе решава за стечај на клубот. Новиот би бил петти сопственик оваа сезона. Порстмут е тужен од страна на државата за неплатен данок во вредност од 11 милиони фунти. Клубот е исто така во потрага по нов, и според зборовите на извршниот директор Питер Стори, клубот има две сериозни понуди. Минатата седмица раководството на Портсмут побара од челниците на англиската Премиер лига дозвола за продажба на играчите надвор од преодниот рок за да соберат пари и да го спасат клубот. На продажба тие ги ставаат најдобрите играчи, како Дејвид Џејмс, Надир Белхаџ и Кевин-Принс Боатенг.А претходно сосопственикот на англискиот премиерлигаш Вест хем јунајтед, Дејвид Голд, изјави дека е подготвен да му позајми 11,5 милиони евра на финансиски речиси банкротираниот Портсмут.Меѓутоа, раководството на натпреварите во англиската Премиер лига го одби барањето да ги продава играчите пред преодниот рок за да собере пари за враќање на долговите. На Портсмут инаку претходно му беше даден еден рок точно до 16 часот на 17-ти февруари да најде нов сопственик, и да докаже дека е способен да ги отплати кредиторите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.