Контакт

Спорт

Ван Гал бара да се укине пенал рулетот

Објавено пред

Тренерот на Баерн Минхен, Луис ван Гал изјави дека пенал рулетот во Европскиот фудбал би требало да се укине

„Во дополнителното време сакам да гледам „гладијаторска игра“ и на секои пет минути еден играч да биде повлекуван од игра додека не останат по шест фудбалери во еден тим. По 120-те минути натпреварот би требало да продолжи до бесконечност се додека не се постигне златен гол“ изјави Ван Гал за весникот Кикер. Како можност за внесување на новини во фудбалската игра тој предложи да се внесе втор судија на теренот  и електронско набљудување на аут линијата за можни недозволени позиции во кои би се нашле фудбалерите. „Верувам дека ни треба што е можно повеќе технологија. Таа е секогаш неутрална и не прави грешки како луѓето“ додаде Ван Гал. Ван Гал со Баерн Минхен денеска ќе биде гостин на Фјорентина во Фиренца како дел од реванш натпреварот од Лигата на шампионите. Баерн Минхен во првиот натпревар на Алијанц арената во Минхен ја победи Фиорентина со резултат 2:1.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тајсон: Ова е подобро отколку борба за појас, ние сме сега хуманитарци

Објавено пред

Егзибицискиот меч меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор рано утринава заврши нерешено. По мечот, кој имаше хуманитарен карактер, двајцата изгледаа добро и беа насмеани.

„Ова е подобро отколку борба за шампионски појас. Ние сме сега хуманитарци. Можеме да направиме нешто за светот. Мора ова да го повториме“ рече Тајсон.

„Челичниот“ кој сега има 54 години се врати во рингот по пауза од 15 години, но во неколку наврати му зададе на Џонс силни удари, како во најдобрите денови.

„Ударите во тело дефинитивно си го направија своето. Задоволен сум со ремито. Можеби и ќе можеме ова да го повториме“ рече Џонс.

И Тајсон имаше што да додаде на ова:

„Те погодив со неколку добри удари и ги издржа. Го почитувам тоа“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мареј: Надал е ментално посилен од Ѓоковиќ!

Објавено пред

Се уште се водат полемики за тоа кој од најдобрите светски тенисери е ментално најсилен. Британецот Енди Мареј смета дека Рафаел Надал е во предност во однос на Новак Ѓоковиќ.

„Токму за тоа разговарав со Новак кога двајцата имавме `лајв` на Инстаграм. Му реков тогаш дека имаше периоди во неговата кариера кога тој бил ментално посилен од Рафа“ рече Мареј.

Сепак, кога се ќе се земе во предвид, Шкотланѓанецот тврди дека Шпанецот има поголема ментална сила од Србинот.

„Ако ја гледаме кариерата како целина, секој меч на секој турнир е кариера. Минатата недела зборувавме за тоа каква е менталната состојба на Новак во целина, како се чувствува. За тоа никогаш не сме загрижени кога е Надал во прашање, никогаш не мислам дека нему ќе му биде проблем мотивацијата или менталниот аспект на играта. Затоа сметам дека Рафа е ментално посилен играч“ додаде Мареј.

Едно е сигурно, овие зборови нема многу да им се допаднат на навивачите на српскиот ас.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пирло: Реал зависеше од Роналдо, ние мораме и без него!

Објавено пред

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло е незадоволен што неговиот тим не играл паметно против Беневенто, во меч во кој ја испушти победата – средбата заврши 1-1.

„Ја контролиравме играта во првото полувреме, имавме неколку шанси да го `убиеме` мечот и да решиме се. Не ги читавме некои моменти на вистинскиот начин“ рече тој.

Во тимот на Јуве недостасуваше Кристијано Роналдо.

„Имаше ситна повреда на средината на неделата. Сакаше да игра во ЛШ, па беше природно да го одмориме. Знам колку тој е важен, и Реал Мадрид зависеше од него, но ние мораме да играме добро и без него“ заклучи Пирло.

„Старата дама“ е петта на табелата во Серија А со 17 бода, 3 помалку од лидерот Милан кој има и меч помалку.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија3 часа

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија4 часа

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение за билатералните прашања

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет4 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион5 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа5 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа6 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт6 часа

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија16 часа

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет17 часа

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија17 часа

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија18 часа

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион19 часа

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа20 часа

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион21 час

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија22 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт1 ден

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа1 ден

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија1 ден

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Досие