Спорт
Мурињо:Финалето за Барса не е сон, туку опсесија
Португалскиот стратег на клупата на милански Интер тврди дека желбата на Барселона за одбрана на титулата во Лигата на шампионите и станала нездрава опсесија
„Кога во ноември игравме во Барселона (во групи победа на Барселона 2:0), навивачите веќе пееја ’одиме во Мадрид’. Она што сакам да им го порачам на моите фудбалери е да го следат својот сон, но од тоа да не создаваат опсесија, бидејќи за Барселона финалето во Мадрид не е сон, туку опсесија“, коментира Жозе Мурињо, чиј тим по првиот полуфинален меч има предност од 3:1.„Кога зборуваме за сонот, зборуваме за гордоста, а сите мои фудбалери ќе бидат многу горди да дојдат до финалето, било во Мадрид, Москва, Лондон, било каде, но за нив е поинаку, тие ги остварија своите соништа во Рим и Париз, па сега Мадрид за нив е опсесија“, додава Португалецот.Мурињо добро го знае менталитетот на каталонскиот клуб, бидејќи таму работел како преведувач на покојниот Боби Робсон, а му бил помошник на Луи Ван Гал, па добро знае што би значела за Барселона победата во Мадрид.„Бев во финалето (Копа дел Реи – шпанскиот Кралски купот – на Сантијаго Бернабеу) меѓу Бетис и Барселона во 1997 (победа на Барселона од 3:2 по продолжувањата). Бев таму како преведувач и сè добро разбрав. Да се видат каталонските знамиња на Бернабеу и да се слушнат луѓето како викаат „Барса, Барса“, беше голема работа за нив.“„Кај Интер работата е поинаква. Минаа повеќе од 40 години откако Интер беше во финалето на Лигата на шампионите, па така титулата за фудбалерите и навивачите на клубот е сон“.Мурињо за себе тврди дека насловот претходно бил сон, но повеќе не, бидејќи го освоил со Порто во 2004. г.„Не е тоа мој личен сон, бидејќи ја освоив титулата уште претходно иако и натаму сакам да победувам, повторно и повторно. Тоа, пред сè е сонот на Интер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тешка група за ракометарките на ЕП – Македонија натпреварите ќе ги игра во Дебрецин
Foto/ macedoniahandball.com.mk
Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна ривалите на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.
Во А групата, Македонија ќе игра против една од најсилните светски селекции Шведска, ко-домаќинот Унгарија и Турција. Натпреварите ќе се играат во Дебрецин.
Првенството Македонија ќе го отвори против Шведска на 28.номеври, два дена подоцна противник ќе биде Турција, а на 2.декември ракометарките ќе се сретнат со Унгарија.
Пласман во следната фаза ќе изборат најдобрите две селекции од секоја група.
Група Б (Дебрецен): Црна Гора, Романија, Србија, Чешка
Група Ц (Базел): Франција, Шпанија, Полска, Португалија
Група Д (Базел): Данска, Швајцарија, Хрватска, Фарски Острови
Група Е (Инсбрук): Норвешка, Австрија, Словенија, Словачка
Група Ф (Инсбрук): Холандија, Германија, Исланд, Украина
Европскиот шампионат ќе се одржи од 28.ноември до 15.декември.
𝗧𝗛𝗘 #𝗲𝗵𝗳𝗲𝘂𝗿𝗼𝟮𝟬𝟮𝟰 𝗦𝗧𝗔𝗚𝗘 𝗜𝗦 𝗦𝗘𝗧!🔥 Who will be crowned as European Champions next December in Vienna? 🤩 #catchthespirit pic.twitter.com/VlewEnoqxQ
— EHF EURO (@EHFEURO) April 18, 2024
Спорт
Ембид го прекрши ветувањето што му го дал на претседателот Макрон
Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид му ветил на францускиот претседател Емануел Макрон во 2021 година дека ќе игра за Франција. Три години подоцна го прекрши ветувањето.
Ембид, се ремисли и реши на олимписките игри во Париз да го носи дресот на Соединетите Американски Држави.
Ембид имаше можност да игра за Камерун, земјата во која е роден.
„РМЦ Спорт“ го објави писмото Ембид што му го испратиl на претседателот Макрон во 2021 година.
„Откако разговарав со луѓе од Француската кошаркарска федерација, донесов одлука. Сакам да преземам чекори за да станам „натурализиран“ играч и на тој начин да можам да бидам член на „триколорите“. Затоа не сакам да играм за која било друга репрезентација. Никогаш не сум ги носел боите на ниту една репрезентација. За мене би било голема чест да се приклучам на оваа француска репрезентација за да учествувам на следните големи натпреварувања, особено на Олимписките игри во 2024 година“, пишува меѓудугото во писмото на Ембид.
Joel Embiid a envoyé une lettre à Emmanuel Macron en 2021, dans laquelle il a promis de jouer pour l’équipe de France afin d’obtenir la nationalité française, selon @RMCsport.
Extrait de la lettre : « Mon choix est arrêté […] Je ne souhaite jouer pour aucune autre équipe… pic.twitter.com/mVLV7xrhkF
— Benjamin Moubèche (@BenjaminMoubech) April 18, 2024
Инаку, Ембид е на списокот од 12 играчи на САД кои ќе играат во Париз.
Во ростерот на Стив Кер се и Стеф Кари, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Ентони Едвардс, Девин Букер, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Леброн Џејмс, Каваи Ленард и Бем Адебајо.
Спорт
Имобиле ќе го напушти Лацио, замената доаѓа од Џенова
По осум години минати во клубот, капитенот на Лацио, Чиро Имобиле ќе го напушти „Олимпико“, на крајот од сезоната.
Имобиле четири пати беше најдобар стрелец во италијанската Серија А, 34-годишниот се смета за еден од најдобрите напаѓачи во историјата на клубот.
Иако договорот му истекува дури во летото 2026 година, најдобриот стрелец во клупската историја не е во плановите на новиот тренер Игор Тудор, кој веќе најде замена за него.
Како што пишува италијанска „Ла Република“, следното лето Лацио ќе тргне по центарфорот на Џенова, Матео Ретеги, италијанскиот репрезентативец, роден во Аргентина.
Ретеги има 24 години, а оваа сезона за Џенова постигна осум гола на 26 натпревари, а за селекцијата на „аѕурите“ одигра шест натпревари и постигна четири гола.
Џенова за трансферот на Ретеги ќе бара околу 25.000.000 евра.