Спорт
Обезбедена една бронза во Атина на ЕП во карате
На првиот ден од натпреварите на 45 Европско првенство во карате, Македонија обезбеди бронзен медал, благодарение на Огнен Груевски
Тој во категорија -84 кг беше на прагот на пласман во финале, но во решавачкиот меч загуби со судиско изјаснување. На патот до бронзениот медал Груевски постогна вкупно четири победи, и само еден пораз. Уште повеќе радува податокот што Груевски во решавачкиот меч за бронзен медал го совлада Гркот Пападопулос, кој е повекекратен освојувач на медали на Европски и Светски првенства и поранешен светски шампион.Редоследно настапите на Огнен Груевски изгледаа вака: 1. коло: Груевски -Атајев (Азербејдан) 3:0; 2. коло: Груевски -Сиусаран (Франција) 2:0; 3. коло: Груевски -Пилесот (Белгија) 3:0; 4. коло: Груевски -Петерсон (Шведска) 0:0 и по продолжение (судиско изјаснување за Петерсон); репасаж за бронзен медал: Груевски -Пападопулос (Грција) 1:0 Блиску до медал беше и Иво Цветковски, кој во категорија -75 кг оствари три победи и два пораза, а во решавачкиот дуел за пласман во финалето загуби од најдобриот светски каратист, Рафаел Агаев од Азербејџан.Неговите настапи беа следниве: 1. коло: Цветковски -Бургет (Цеска) 4:1; 2. коло: Цветковски -Бек (Германија) 0:0 по продолжение (судиско изјаснување за Иво); 3. коло: Цветковски -Агаев (Азербејџан) 0:1; репасаж: Цветковски -Лендиел (Украина) 1:0 и меч за бронзен медал: Цветковски -Смаал (Холандија) 0:0 по продолжение 0 :2 со што го оствари конечниот пласман на одличното петто место, имајќи ја предвид конкуренцијата во неговата категорија. Другите македонски каратисти загубија уШте во своите први настапи. Во категорија -84 кг Жарко Арсовски е елиминиран во првата борба, исто како и Моника Стефановска -68 кг, а идентично минаа и претставнците во кати Зорица Спиркоска и Марко Секуловски. По првиот дел од натпреварите се одржа свеќеното отворањ, на кое продефилираа каратисти од 40 земји. Четириесет и петтото Евопско првенство се одржува во Олимписката сала во спортскиот комплекс Фалиро, а има капацитет од околу осум илјади места. Во сабота од нашите претставници ќе настапат Наташа Илиевска, која минатата година освои сребрен медал на европскиот шампионат во категоррија -55 кг, Мери Ефремова во категорија -50 кг,како и Тодор Ристовски во категорија -60 кг и Томче Тодоровски -67 кг. Во екипна конкуренција ќе учествуваат ката тимовите во маѓка и во женска конкуренција. Како што не информираа од раководството на македонската карате експедиција во Грција, шампионатот се одржува далеку од актуелните случувања во главниот град Атина и воопшто не се чувствува непријатната атмосфера која владее последниве неколку денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.