Спорт
Ван Нистолрој изоставен од холандската репрезентација
Стратегот ван Марвјик го обајви поширокиот список од 30 фудаблери кои на СП во Јужна Африка ќе гибранат боите на Холандија, а најголемото изненадување е изоставувањето на ван Нистерлој
Напаѓачот на германскиот бундешлигаш ХСВ, Руд ван Нистерлој се повлече од репрезентацијата по Еуро 2008, но годинава во повеќе наврати потенцираше дека би сакал да заигра на Светското првенство во Јужна Африка кое почнува на 11-ти јуни. Хоалндскиот селектор Берет ван Марвијк изјавил дека ми се восхитува на Нистелрој, но дека неговата форма по тешката повреда не е на нивото кое е потребно за врвен играч на најважното натпреварување.Да се изборат за место во портокаловиот дрес во Јужна Африка, ван Марвјик ги повика голманите: Маартен Стекеленбург од Ајакс, Сандер Бошкер од Твенте и Михел Ворм од Утрехт; во обраната се: Вурнот Анита од Ајакс, Калид Буларуж од германски Штудгард, Едсон Браанфеид од шкотски Селтик, Џовани ван Бронхорст од Фаенорд, Џон Хејтинга од англиски Евертон, Јорис Матијансен од германски Хамбург, Андре Оијер од ПСВ Ајндховен, Рон Влаар од Фаенорд и Грегори ван дер Виел од Ајакс.Во средниот ред ќе конкурираат Ибрахим Афелаи и Отман Бакал од ПСВ Ајндховен, Марк ван Бомел од минхенски Баерн, Воут Брама од Твенте, Орландо Енгелар од ПСВ Ајднховен, Најџел де Јонг од англиски Манчестер сити, Давид Мендез де Силва и СтијнШаарс од АЗ Алкмар, Весли Снајдер о дмиалнски Интер, Рафаел ван дер Варт од Реал Мадрид и Деми де Зеув од Ајакс.Напаѓачите на „лалињата“ кои секогаш иамле забележетилени успеси на светските и европските првенства ван Маарвијк ќе ги избира меѓу Рајан Бабел и Дирк Кајт од англискиот премиерлигаш Ливерпул, Елхеро Елиа од Хамбург СВ, Клаас Јан Хунтелар од италијански Милан, Џермејн Ленс од АЗ Алкмар, Робин ван Перси од лондонски Арсенал и Арјен Робен од Баерн Минхен. Хоалндија досега има двапати играно во финале ос светско првенство и двапати беше поразена од домашните екипи, прво во Германија 1974 со 2:1 и на следното 1978 г. од Аргентина со 3:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.