Спорт
Ананд ја одбрани титулата светски шаховски шампион
Во 12-та последна партија во Софија, индискиот велемајстор и најдобар шахист на денешницата ја одбрани титулата со вкупен резултат 6,5:5,5
Во клучната партија Вишванатан Ананд кој против предизвикувачот за шаховскиот трон Бугаринот Веселин Топалов ги влечеше црните фигури во средината од партијата жртвувал пешак отворајќи го белиот крал, кој според коментаторите е клучниот потег попладнево. Потоа ја добил противничката дама за топ и уште фигура. Потоа имајќи материјална преднсот, Ананд во завршницата го принудил Топалов по 56-от потег на црниот да го признае поразот во партијата и во мечот.Ананд стана светски шампион во ФИДЕ верзијата во 2000 г. а во 2007 г. го доби шампионскиот турнир во Мексико. Една година подоцна тој во меч во Бон го победи рускиот предизвикувач Владимир Крамник од ФИДЕ со што стана апсолутен светски шамион а тоа по две години го потврди против Топалов во Софија. Наградниот фонд на мечот во Софија изнезува два милиона евра, од кои 1,2 ќе ги добие Ананд а другите 800 илјади Топалов. Целиот меч течеше речиси рамноправно, со чести изненадувачки потези од двете страни, како што беше на пример почетната победа на Топалов во првата партија во 32-от потег, која шаховските стручњаци ја оценија како брилијантна. Сепак, очигледно е дека Индиецот со помалку агресивна игра успеа да направи и помал број грешки кои го доведоа до конечниот триумф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баерн преку Арсенал до полуфиналето во ЛШ
Баерн Минхен ќе игра во полуфиналето, во Лигата на шампионите, откако во реваншот го победи Арсенал со 1:0. Првиот натпревар на „Емирати“, во Лондон, заврши 2:2.
Важноста на натпреварот, иницираше тактичка брба од двете страни. Арсенал беа малку поофанзивни во привот дел, Баерн шансите ги бараше преку контранападите. Со исклучок на ударот на Мартинели во првото полувреме немаше ниту една шанса
Баерн беше тој кој прв се закани во вториот дел. Во еден напад два пати се тресеше рамката на голот на Арсенал. Најпрвин Горецка ја погоди гредата,а поттоа Гереиро биеше во стативата.
Арсенал имаа среќа во оваа ситуација, но среќата ги напушти во 64.минута кога центрашутот на Гереиро, Кимих од 11 метри со глава го совлада Раја.
До крајот Тухел со измените што ги направи добро ги затвори приодите кон голот на Ноер и Баерн успеа да ја одбрани победата.
Спорт
МЗТ влезе во полуфиналето во АБА2 лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром изборија пласман во полуфиналето на плеј-офот, во АБА 2 лигата. МЗТ загуби од Широки со 70:68 и со +13 влезе во полуфиналето Првиот натпревар во Скопје заврши со победа на МЗТ со 85:69.
На гости кај Широки кошаркарите на МЗТ одиграа лошо прво и одлично втро полувреме. Широки во втората четвртина имаше предност од 15 поени, на полувреме таа изнесуваше 11. Првиот дел со тројка го заклучи Војдан Стојановски.
Во вториот дел играчите на МЗТ ја стигнаа предноста на Широки, имаа водство 65:64 на четири минути до крајот по што беше јасно кој ќе излезе како победник од овој двомеч.
МЗТ на овој натпревар го предводеше Делалиќ со 18 поени, четири скока и две украдени топки, браќата Стојановски постигнаа по 13 коша, имаа по три асистенции, Дамјан имаше осум, а Војдан три скока. Двоцифрен со 10 поени беше и Баковиќ.
МЗТ во полуфиналето ќе игра прптив Спартак.
Спорт
Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА
Кошаркарот на Торонто Репторс, Џонтеј Портер, доживотно е суспендиран од НБА лигата поради коцкање.
Челниците на НБА одлучија дека тој повеќе не може да се натпреварува во најдобрата кошаркарска лига во светот.
Така на неславен начин ја заврши кариерата. Џонтеј е брат на кошаркарот на Денвер Нагетс, Мајкл Портер Јуниор.
По аферата која изби во изминатите два месеци, пронајдени се непобитни докази дека Портер се коцкал обложувајќи се на себе.
За комесарот на лигата Адам Силвер немаше дилема, тој мораше да ја донесе оваа одлука.
Според правилата на НБА, секој играч кој ќе се обложи со пари или ќе вложи било каква вредност на натпревар или настан организиран од лигата или Развојната лига може да се соочи со казни од комесарот на лигата Адам Силвер.
Портер, кој е брат на Мајкл Портер од Денвер, во 26 натпревари имаше просек од 4,4 поени, 3,2 скока и 2,3 асистенции.