Спорт
Роналдињо и Буфон не знаат каде ќе ги продолжат кариерите
Бразилскиот напаѓач изјави дека не е сигурен дали ќе остане во Милан, а голманот на италијанската репрезентација и натаму не е сигурен каде ќе ја продолжи кариерата, изјавила двајцата по синоќешниот меч на нивните клубови кои го добија миланезите со 3:0
По завршувањето на средбата Милан – Јувентуа на која Роналдињо постигна два гола, од новинарите бил запрашан дали ќе остане во Милан, на што тој кусо одговорил – не знам. Годинава бразилскиот поранешен репрезентативец кој не влезе во изборот за Мундијалот, постигна 12 голови за Милан а има договор до идното лето. Што се однесува до одлуката на бразилскиот селектор Дунга, Роналдињо одговорил:„Јас одговорот на тоа го дадов на теренот. Ако моите годинешни игри не беа доволни да се најдам во националниот тим, тоа е одлука на националниот селектор Дунгам а јас имам големо почитување кон него“, изјави Роналдињо кој беше најдобар играч на Светското првенство во 2002 г. и клучниот играч за шампионската титула на Бразил, но во 2006 . во Германија потполно потфрли. Триесет и две-годишниот италијански репрезентативен голман Џанлиуџи Буфон, беше прашан дали ќе го напушти Јувентус кој годинава ја одигра најслабата сезона во историјата на неговите настапи во најсилната италијанска фудбалска лига и не се квалификуваше за ниедно европско натпреварување. „Се’ ушт ене знам ништо, а глупо е да се каже што и да е на таа тема додека не се сигурни што ќе се случи“, изјавил Буфон. Неодамна Буфон изјави дека би сакал кариерата да ја продолжи во Англија, доколку Јувентус се реши да го продаде. Торинската „стара дама“, со неговата продажба, имајќи ја предвид високата цена на Буфон, може да дојде до големи средства кои ќе ги употреби за доведување звучни имиња.Минатата година Манчестер сити беше сериозно заинтересиран за Буфон, но тој одби со образложение дека тоа не е доволно голем клуб за неговите амбиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Претседателот на Ла Лига јавно кажа дека е навивач на Реал
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас отворено призна дека навива за Реал Мадрид во интервју за „Експансион“. Овој факт е познат од поодамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Овој детал Тебас го откри додека го коментираше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал.
„Прво и основно, сето ова го кажувам како навивач на Реал Мадрид. Тоа е неверојатен трансфер, Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Не можам да кажам дека е најдобар бидејќи мислам дека Белингам е најдобар, и зад него е Винисиус“, рече тој и потоа додаде:
„Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, затоа мора да бидеме среќни бидејќи таков играч доаѓа во нашата лига. Знам како Реал Мадрид планира да го обезбеди неговиот потпис, и покрај загриженоста и нестрпливоста на медиумите. Тоа го направија во добар момент.”
Да потсетиме, Мбапе на лето доаѓа во Реал Мадрид како слободен играч, откако ќе му заврши договорот со ПСЖ.
Спорт
(Видео) Кобајаши леташе 291 метар
Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши постави неофицијален светски рекорд во Исланд прелетувајќи 291 метар, што е за 37,5 метри подобро од официјалниот светски рекорд.
Рекордот Кобајаши го постави на специјално изградена скокалница во ски-центарот Хлидарфјал.
Кобајаши ги помести границите со летови од 256, 259 и 282 метри во двата дена од пробното натпреварување, а во средата го постави конечниот рекорд од 291 метар. Осум секунди бил во воздух и достигнал најголема брзина од 107,5 километри на час.
„Долго сонував за овој скок, отсекогаш сум сакал да летам подалеку од сите други и сакам да ги поместам границите“, изјави Кобајаши по најдолгиот лет во историјата.
Според соопштението за печатот на Ред Бул, специјалната скокалница е целосно изградена од снег. Врвот на залетиштето е на 1115 метри, а зоната на слетување завршува 360 метри подолу и има наклон од 36 степени.
Јапонецот во кариерата има 32 победи во Светскиот куп, два пати беше севкупен победник, има златен и сребрен медал од Олимписките игри во 2022 година, а три пати ја освојуваше и Новогодишната турнеја.
𝟐𝟗𝟏 𝐌𝐄𝐓𝐑𝐎́𝐖 ❗️
Ryoyu Kobayashi udowodnił, że niemożliwe nie istnieje ❗️#skijumpingfamily pic.twitter.com/Or7frTerSh
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) April 24, 2024
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.