Спорт
Англичаните им се извинија на Шпанија и Русија
Англискиот одбор за кандидација за организација на Светското првенство во 2108 г. им се извини на руските и шпанските колеги за изјавата на Триесман, претседателот на Англиската фудбалска федерација (ФА)
Поточно, во недела британскиот весник The Mail on Sunday објави текст во кој се наведува дека Дејвид Триесман во еден разговор ги обвинува Шпанија дека наводно со помош на Русија сака да ги подмити судиите на претстојното Светско првенство во Јужна Африка, а за возврат Шпанија би се откажала од кандидатурата за организација на Светското првенство во 2018 г.Извори од Англискиот одбор за кандидатура изјавил дека изјавата на Триесман никако не можат да се сфатат како мислење и на Одборот, потврдувајќи дека на челниците на шпанската и руската кандидациска делегација и на ФИФА испратиле писма со извинување.Весникот имено донесе транскрипт од тајно снимен разговор меѓу Триесман и негов поранешен помошник додека беше министер во британската влада.„Мислам дека нашата кандидатура има добар одѕив кај Африканците, мислам дека ни оди добро и кај некои азиски земји, а веројатно добро стоиме и во Среда и во Северна Америка. Претпоставувам дека земјите од Латинска Америка ќе гласаат за Шпанија, иако тоа никогаш јавно не го кажаа. Но ако Шпанија се откаже од кандидатурата, бидејќи Шпанија бара помош од Русите да ги подмитат судиите на Светското првенство, тогаш гласовите на земјите од Латинска Америка може да отидат кај Русија“, рекол Триесман во тајниот разговор тврди весникот.Англиската фудбалска федерација не го коментираше ова, но The Mail on Sunday тврди дека ФА се обидела да го спречи објавувањето на разговорот барајќи судска забрана., но не испеала да ја издејствува. Кандидатури за светските првенства во 2018 и 2022 г предадоа Англија, Русија, САД, Јапонија Австралија, додеа заеднички кандидатури поднесоа Холандија и Белгија, како и Шпанија и Португалија. Јужна Кореја и Катар се кандидираа само за организација на Светското фудбалско првенство во 2022 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.