Контакт

Спорт

Итнер го има Милито и Лигата на шампионите

Објавено пред

Ако пред натпреварот се чинеше дека двата тима се со изедначен квалитет, на крајот се покажа дека за баварците беше недостижно настапот на Милито и отсуството на Рибери

dobivaj vesti na viber

Најдобриот стрелец на Интер сезонава по половина век му ја донесе европската фудбалска круна на својот тим. Како и против Барселона во полуфиналето, играчите дисциплинирано и прецизно ги следеа сите упатства на Жозе Мурињо, и во одбраната и во нападот, каде ги исползуваа најслабите точки во противничката одбрана.Мора да се одбележи и одличната игра на Горан Пандев до 80-та минута кога беше повлечен од игра заради исцрпеност. Тој одигра за својот клуб помагајќи му на Занети во одбраната и одвлекувајќи ја топката длабоко на противничката половна кога одбраната требаше да здивне. Пред 75 илјади гледачи од кои по 20 илјади навивачи на Баерн и Интер се одигра големото финале од европската Лига на шампионите. Тоа беше двобој на двата клуба кои годинава ги освоија титулите и во националните првенства и во националните купови се бореа за третата титула годинава.И Баерн и Интер веќе и претходно беа европски шампиони, со што „баварците“ се поуспешни со четири титули, а последната ја освои 2001 г. кога во финалето ја победи Валенсија по изведувањето на пенали. За разлика од нив, Интер и неговите навивачи на пехарот чекаа од 1965 г., кога по вторпат играа во финалето, а првата титула ја освоија претходната 1964-та. Ова е само втора европска титула и за Жозе Мурињо кој првата ја освои со португалскиот Порто, а потоа не му успеваше со скапиот лондонски Челзи.Мечот започна во изедначена игра во која веднаш се виде дека ќе биде спротиставување на двете тактики на големите фудбалски стратези, Луис ван Гал кај Баерн и Жозе Мурињо кој му беше помошник во Барселона, за Интер. Македонскиот итнернационалец Горан Пандев беше стартер во ова големо финале, како дел од стратегијата на Мурињо, кој ги имаше предвид неговите технички и способности. Во 15-та минута баварците бараа пенал, откако во шеснаесетникот на Интер, бразилскиот бек Маикон играше со рака, но англискиот судија Хаурд Вен не го делеше нивното мислење.По следните дваесетината минути во кои се чини дека Баерн имаше лесна иницијатива, во 35. минута најдобриот стрелец на „нероаѕурите“ Аргентенецот Диего Милито потврди дека противникот ќе има проблеми во одбраната особено со нестандардната игра на неговиот репрезентативен колега Демикелис, кој претходно доби жолт картон. Од другата страна, во првото полувреме кај Интер „пожолте“ Киву. Но се чини Весли Санјдер во 43-та минута кога беше проигран извонредно од Милито и изби сам пред Бут но биеше само во него, пропушти можност на својот тим да му обезбеди многу помирен втор дел. Уште во првата минута од второто полувреме, Томас Милер пропушти идеална можност да изедначи и да го направи продолжението од натпреварот уште понеизвесен. Но и покрај сите настојувања на играчите на Баерн, Диего Милито во 70 минута стави точка на сите дилеми вечерва на „Сантјаго Бернабеу“. Иако во следните 20 минути ниту самиот Мурињо не беше мирен, имајќи ја предвид познатата германска упорност, „нероаѕурите“ докажаа дека сепак против италијанското чувство да се умртви играта, тешко може да се снајдат



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Де Хеа во Бетис?

Објавено пред

Давид Де Хеа, минатото лето, како слободен играч го напушти Манчестер јунајтед. Имаше понуди, најмногу од Саудиска Арабија, но тој реши да ја чека вистинската, поради што ја пропушти оваа сезона.

dobivaj vesti na viber

Де Хеа на почетокот на сезоната доби понуда и од Реал Мадрид, кој остана без првиот голман Тибо Куртоа, но одби да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Не откри дали го одбил „кралскиот клуб“ поради финансиската понуда или поради тоа што тој е „дете“ на Атлетико Мадрид.

Шпанските медиуми тврдат дека Де Хеа од наредната сезона се враќа меѓу стативите. Според овие извори тој ќе брани за Бетис. Ќе потпише договор со клубот од Севилја кога ќе започне преодниот рок.

Бетис моментално се седми на табелата во Примера.

Прикажи повеќе...

Спорт

Баерн преговара и со селекторот на Австрија

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Баерн веќе два месеци го бара наследникот на Томас Тухел, а сега почнале преговори со Ралф Рангник, пренесува германскиот новинар на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг.

dobivaj vesti na viber

Баварците се во потрага по нов шеф на стручниот штаб кој би го тимот од Тухел по завршувањето на сезоната. Затоа почнале преговори со Рагник, кој е селектор на Австрија со која ќе настапи на ЕУРО 2024. Новинарот потенцира дека многу работи би треабло да се поклопат за Рангник да дојде во Минхен.

Плетенберг пренесува дека е воспоставен контакт со Рагник откако станало јасно дека преговорите за враќање на Јулијан Нагелсман пропаднале кога тој потпиша нов договор со Германскиот фудбалски сојуз, а Баерн сака што поскоро да го претстави новиот тренер.

Договорот на Рагник со Австрискиот фудбалски сојуз е до Светското првенство во фудбал во 2026 година, но може да биде раскинат со соодветна отштета. Доколку челниците на Баерн успеат да се договорат со 65-годишниот стручњак, парите не би требало да бидат проблем.

Дополнително, Де Зерби и Зинедин Зидан се уште се кандидати за клупата на Баерн.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ го искористи петтото прогласување за најдобар спортист на планетата за да ги открие своите идни планови.

dobivaj vesti na viber

Српскиот тенисер, на новинарите во Мадрид им откри дека се ште не размислува за пензионирање.

„Мојата најважна цел годинава е златен медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, немаше ни да играм. Секогаш мора да верувате дека се е можно во животот. Којзнае дали повторно ќе имам таква шанса. Сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи.

Тој објасни и зошто решил да не игра на Мастерсот во Мадрид.

„Го подготвувам своето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Игрите и Ју-ес Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам за две недели да учествувам на Мастерсот во Рим. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. Сè уште сум млад, ми останува уште многу време за игра“, се пошегува Ѓоковиќ, кој за околу еден месец полни 37 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија2 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека...

Свет2 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија3 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет3 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија3 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет3 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија17 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија18 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија19 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија20 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија22 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија22 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија22 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија24 часа

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија24 часа

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија24 часа

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа1 ден

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа1 ден

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...