Спорт
Дефинитивно Мурињо во Реал Мадрид
Веќе е отстранет и оној минимален процент можност Португалецот да не седне на клупата на мадридсктие „кралеви“, а тој на новинарите н и навивачите на „Сантјаго Бернабеу“ каде ја освои европската круна со Интер ќе им биде претставен во понеделник
Во петок се отстранети сите дилеми дека Жозе Мурињо е новиот тренер на фудбаелрите на скапиот и во минатото трофеен Реал Мадрид. Договорот меѓу претставниците на Реал и Мурињо е постигнат, а како што јавија шпанските медиуми Интер ќе добие осум милиони евра. Тоа е половина од сумата која ја бараше претседателот на миланските „нероаѕури“ Масимо Морати, кој беше многу разочаран од одлуката на тренерот кој по 45 години на клубот му донесе европска титула, и тоа онаа највредната.Претходно раководството на Реал му врачи отказ на досегашниот тренер Мануел Пелегрини, чие заминување беше извесно и без доаѓањето на Португалецот. Тој во клубот дојде ланскиот јуни од Вијареал, но не се прослави. Иако претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез минатото лето потроши неверојатна сума пари за доведување на ѕвездите како Кристијано Роналдо од Манчeстер jунајтед и Кака од Милан, Пелегрини не се прослави останувајќи годинава без ниеден трофеj, што на овој клуб не му се случило одамна. Во првенството беше втор зад Барселона речиси целата сезона, во Лигата на шампионите беше елиминиран од Лион а во Кралскиот шпански куп беше елиминиран од третолигашот Алоркон. Според шпанските спортски весници, Пелегрини за раскинување на договорот ќе добие 12 милиони евра отштета. Откако годинава со милански Интер сезонава ја освои тројната круна, првенството на Италија, Италијанскиот куп и на крајот Лигата на шампионите, Мурињо реши да замине за Реал Мадрид. Неговото образложение беше дека сака да стане првиот тренер кој со три различни клуба ја освоил Лигата на шамионите. Пред да стане шампион со Интер, откако на 22 мај токму во Мадрид во финалето го совлада минхенски Баерн, во 2004 г. Мурињо победи во ова најавенето клупско натпреварување со Порто.Бидејќи Мурињо во идните четири години ќе заработува 10 милиони евра по година, целиот негов трансфер ќе го чини Реал вкупно 60 милиони евра.Жозе Мурињо, пред да мине две сезони на клупата на Интер, го водеше англискиот премиерлигаш Челзи, португалските Порто, Униао де Леира и Бенфика. Во кариерата како тренер има освоено вкупно 17 трофеи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.