Спорт
СП Бразил 1950
Светското првенство во фубал во 1950 година е четвртиот турнир од ова натпреварување. Во 1942 и во 1946 година мундијалите беа откажани поради Втората светска војна
Бразил е домаќин на четвртиот мундијал, по дванаесетгодишна пауза. За прв пат на овој турнир пехарот е наречен Жил Риме, по претседателот на ФИФА, кој одбележува 25 годишнина на таа позиција, таа година. Првенството се одржувало од 25 јуни до 16 јули.
Веднаш по завршувањето на Втората светска војна, ФИФА настојувала да се продолжи со Светското првенство во фудбал. Но, бидејќи Европа била разурната од војната, ФИФА имала проблеми да најде држава согласна да го организира мундијалот. Иако ФИФА планирала турнирот да се одржи 1949 година, Бразил, при изборот за домаќин во 1946 година, побарал Свтското сепак да биде 1950 година. Германија била втората заинтересирана држава, исто како што конкурирала и за никогаш одржаното Свртско во 1942 година. Бидејќи претходните две прведнства се одржаа на европско тло, ФИФА не се двоумела да го избере Бразил за домаќин.
По изборот на домаќин, ФИФА имала проблем да ги натера државите да ги пратат своите репрезентации да учествуваат на мундијалот.
Италија била заинтересирана за одбрана на титулата, но по војната едноставно немало пари. ФИФА ги надокнадила патните трошоци за Италија, па тие отпатувале на Светското во Бразил. За разлика од Италија и Австрија, кои не биле предмет на санкции од ФИФА, на Јапонија и на Германија им било забрането да настапат на квалификациите. Сепак Германците најпосле учествуваат со репрезентација од покраината Саарленд, која била под окупација на Франција, иако Фудбалскиот сојуз на Западна Германија се уште не бил активиран. На репрезентациите на Обединетото кралство им било дозволено да учествуваат со две репрезентации. Во квалификациите се пласирале Англија, како прва и Шкотска како втора. Но, Шкотите одбиваат учество, затоа што не биле најдобра британска репрезентација.Индијците, исто така одбиваат да учествуваат, затоа што ФИФА не им дозволила да играат боси. Откажала и Турција, а замена за неа и Индија, требало да бидат Франција и Португалија, но и Франција отклажува кога дознала дека за два натпревари треба да патува меѓу два града оддалечени 3.000 километри. На крај остануваат само 13 репрезентации.
Проширено финале
Уругвај е победник на турнирот, со што ја врати титулата освоена на Првото светско првенство од 1930 година. Ова е единственото издание на Светските првенства кога не се играло финале од еден натпревар, туку во три натпревари (секоја од последната четворка играла со секоја екипа) Уругвај го свртел резултатскиот минус против Бразил во своја корист. САД ја надиграле Англија, која влегла како фаворит, но испаднала по поразите од САД и Португалија. Кога во англиските весници се појавил резултатот 6:1, мнозинство од населението мислело дека е печатна грешка. Во завршницата останале четири екипи, Бразил, Уругвај, Шведска и Шпанија. Победник е оној кој ќе биде највисоко на табелата по одиграни три натпревари, секоја екипа играла со останатите три, а сите натпревари се одиграни во Рио де Женеиро, на садионот Маракана и Сао Паоло.
Иако само тринаесет екипи учествувале дури шест градови биле домаќини: Бело Хоризонте, Куритаба, Порто Алегр, Рецифе, Рио де Женеиро и Сао Паоло. Најдобар играч на првеснствоот е Адемир од Бразил, со пет постигнати голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чави се предомисли, останува на клупата на Барселона
Чави Ернандез и наредната сезона ќе ја предводи екипата на Барселона.
Клупските челници од стадионот „Камп Ноу“ и Чави имаа средба во текот на денот и се договориле нивната соработка да продолжи.
Договорот бил постигнат во вилата на претседателот Џоан Лапорта.
Чави пред неколку месеци најави дека ќе си замине на крајот на сезоната, но се предомисли.
Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот потпишал нов едногодишен договор и дека во клубот со кој имаше многу успеси како играч ќе остане до 30 јуни 2025.
Барселона моментално е на второто место во Ла Лига, со 11 бодови помалку од лидерот Реал.
Спорт
Претседателот на Ла Лига јавно кажа дека е навивач на Реал
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас отворено призна дека навива за Реал Мадрид во интервју за „Експансион“. Овој факт е познат од поодамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Овој детал Тебас го откри додека го коментираше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал.
„Прво и основно, сето ова го кажувам како навивач на Реал Мадрид. Тоа е неверојатен трансфер, Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Не можам да кажам дека е најдобар бидејќи мислам дека Белингам е најдобар, и зад него е Винисиус“, рече тој и потоа додаде:
„Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, затоа мора да бидеме среќни бидејќи таков играч доаѓа во нашата лига. Знам како Реал Мадрид планира да го обезбеди неговиот потпис, и покрај загриженоста и нестрпливоста на медиумите. Тоа го направија во добар момент.”
Да потсетиме, Мбапе на лето доаѓа во Реал Мадрид како слободен играч, откако ќе му заврши договорот со ПСЖ.
Спорт
(Видео) Кобајаши леташе 291 метар
Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши постави неофицијален светски рекорд во Исланд прелетувајќи 291 метар, што е за 37,5 метри подобро од официјалниот светски рекорд.
Рекордот Кобајаши го постави на специјално изградена скокалница во ски-центарот Хлидарфјал.
Кобајаши ги помести границите со летови од 256, 259 и 282 метри во двата дена од пробното натпреварување, а во средата го постави конечниот рекорд од 291 метар. Осум секунди бил во воздух и достигнал најголема брзина од 107,5 километри на час.
„Долго сонував за овој скок, отсекогаш сум сакал да летам подалеку од сите други и сакам да ги поместам границите“, изјави Кобајаши по најдолгиот лет во историјата.
Според соопштението за печатот на Ред Бул, специјалната скокалница е целосно изградена од снег. Врвот на залетиштето е на 1115 метри, а зоната на слетување завршува 360 метри подолу и има наклон од 36 степени.
Јапонецот во кариерата има 32 победи во Светскиот куп, два пати беше севкупен победник, има златен и сребрен медал од Олимписките игри во 2022 година, а три пати ја освојуваше и Новогодишната турнеја.
𝟐𝟗𝟏 𝐌𝐄𝐓𝐑𝐎́𝐖 ❗️
Ryoyu Kobayashi udowodnił, że niemożliwe nie istnieje ❗️#skijumpingfamily pic.twitter.com/Or7frTerSh
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) April 24, 2024