Спорт
СП Швајцарија 1954
Првото Светско првенство во фудбал што се пренесувало преку телевизија е одржано во Швајцарија во 1954 година, кога ФИФА слави 50 години постоење
Затоа е одлучено земјата каде се наоѓа седиштето на Федерацијата да биде домаќин. Издадени се и кованици во чест на јубилејот
Светски прваци станаа репрезентативците на Западна Германија, кои ја поразија Унгарија во драматично финале со резултат 3:2. Тое е прва титула за Германија. На турнирот учествуваа 16 репрезентации. Поделени се во четири групи, а во секоја има по две прворангирани репрезентации кои се пласирале на светското првенство. Осумте првопласирани се Австрија, Бразил, Англија, Франција, Унгарија, Италија Трција и Уругвај. На овој турнир не иргала секоја репрезентација со секоја од групата, туку секоја одиграла по два меча и тоа носителите на групите со по една од додадените две. По одигрувањето на натпреварите по групи во четвртфинале се пласираа Уругвај, Австрија, Бразил, Југославија, Швајцарија, Италија, Германија и Унгарија. Во Берн на стадионот Ванкдорф, пред 60.000 гледачи се одиграло финалето, меѓу Унгарија и Германија. На денот на финалето врнело дожд, па навиначите го нарекле тоа „Фриц Волтер време“, затоа што најдобриот германски играч, Фриц Волтер, секогаш давал голови на такво време. Германците биле подготвени, затоа што Ади Деслер, основачот на Адидас им дал копачки на играчите каде крампоните можеле да се менуваат во зависност од условите на подлогата. Германија победува и за прв пат го освојува трофејот Жил Риме. Германците ја нарекоа оваа победа Чудо во Берн. Најчесто се поставува прашањето за овој натпревар за изедначувачкиот гол на Германците 2:2, кога унгарскиот голман, Грошич, тргнал да го пресретне ударот од корнер на Фриц Валтер, а на телевизиската снимка се гледа како бил фаулиран од друг германски играч, иако топката можела да стигне до Ран без проблем. Се зборува и дека Германците користеле допинг на второто полувреме. Наводно добиле инјекција Ц витамин, што ја објаснува и жолтицата која играчите ја добиле по натпреварот. И судијата можеби направил грешка во 87. минута, кога признал, па поништил гол на Пушкаш (најдобриот унгарски играч), кој бил или не во офсајд. Натпреварите се одиграле во шест градови: Базел, Берн, Женева, Лозана, Лугано и Цирих. Најдобар стрелец (Златна копачка) е Шандор Кочиш од унгарската репрезентација со 11 голови. Трерто место е Австрија и четврто Уругвај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Озил: Барселона е виновна што ел класико повеќе не е најголемиот натпревар во светот
Месут Озил, поранешен фудбалер на Реал, во интервју за „Марка“, го коментираше ривалството помеѓу Реал и Барселона.
„Кога играв во Реал, Ел Класико беше најважниот натпревар на светот. За наша жал, игравме против најдобрата Барселона во историјата. Сега вниманието на гледачите е повеќе насочено кон натпреварите како Ливерпул – Сити или други дерби натпревари во Премиер лигата. Ел Класико не предизвикува толкаво внимание, за тоа виновен Реал, туку Барселона, која е во пад“, вели поранешниот германски репрезентативец.
Тој смета дека неговиот поранешен клуб Реал е најблиску до освојување на Лигата на шампионите.
„Натпреварот против Сити беше фантастичен. Англичаните доминираа речиси во текот на целиот натпревар, но Реал играше интелигентно и се бранеше брилијантно. Извикав „Хала Мадрид“, по последниот пенал. Верувам дека Реал ќе ја освои Лигата на шампионите”.
Европско првенство?
„Англија и Франција имаат неверојатни екипи. Не само првите 11, туку и ширината на нивниот ростер е неверојатна. Сепак, на вакви турнири треба да имате и малку среќа. Мислам дека Шпанија, Португалија или Германија исто така би можеле да стигнат до финалето”.
Озил кариерата ја започна во Шалке, од кој по две години замина во Вердер. За Реал играше од 2010 до 2013 година, а потоа мина осум години во Арсенал. Кариерата ја заврши во Турција каде прво настапуваше за Фенербахче, а потоа и за Истанбул Башакшехир.
Спорт
Араухо почнал преговори со Баерн
Врие во Барселона по елиминацијата од ПСЖ во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. Спортската јавност во Каталонија се уште се занимава со она што се случуваше по натпреварот на „Монжуик“, кој ПСЖ го доби со 1:4.
Роналд Араухо е трагичарот на реваншот со ПСЖ. Неговото исклучување во 29.минута во целост го сврте текот на натпреварот.
Илкај Гундоган, јавно го критикуваше Араухо веднаш по натпреварот, а потоа Уругваецот доби еден куп навреди на социјалните мрежи од незадоволните навивачи на Барселона.
По ова, Араухо донел одлука да ја напушти Барселона. Каталонската „ТВ3“, обајви дека неговите менаџери ги започнале преговорите со Баерн Минехн. Уругваецот и во зимскиот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Минхен.
Договорот на Араухо со Барселона истекува на 30.јуни 2026 година.
Барселона се надеваше дека ќе може да извлече околу 100 милиони евра за Араухо, но последните информации велат поинаку и дека сумата ќе биде помала.
Извештаите укажуваат дека Баерн е подготвен да плати меѓу 65 и 70 милиони евра. Се верува дека Барселона ќе ја прифати оваа сума.
Доколку трансферот на Араухо биде реализиран, Баерн ќе влезе во нова реконструкција на одбраната, бидејќи ниту еден од тројцата централни дефанзивци: Де Лихт, Ким, Упамекано не ги исполни очекувањата.
Спорт
Баерн извиси, Нагелсман ќе остане селектор на Германија
Јулијан Нагелсман нема да се врати во Баерн Минхен. Младиот тренер, потпиша нов договор со Фудбалскиот сојуз на Германија. Ќе остане селектор до Светското првенство во 2026 година.
Пропадна планот на Баерн Минхен дека Наглесман ќе се врати во клубот. Очигледно, Наглесман не го заборави начинот на кој беше избркан од клубот пред една година, од тогашните функционери Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан.
Наследницуте на Салихамиџиќ и Кан, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, стапиле во контакт во тренерот и неговиот менаџер. Се извиниле за она што го направија нивните претходници, а по првиот состанок биле убедени дека Наглесман ќе се врати во Минхен. Сепак ги прецениле своите можности и ноќта на Фудбалскиот сојуз на Германија.
Клучен потег на челниците на Сојузот беше продолжувањето на договорот со директорот на репрезентацијата Руди Фелер. Ова беше знак за Нагелсман дека позитивната атмосфера нема да се промени. Фелер е големо име и она што е најважно не е човек на Баерн. Тој има одлични односи со Нагелсман и бил еден од клучните луѓе во преговорите околу новиот договор. Нагелсман на крајот се согласи да потпише двегодишен договор.
„Ова е одлука донесена од срце. Голема чест е да се биде тренер на репрезентацијата и најдобрите германски фудбалери. Со успешни и страсни изданија, имаме шанса да ја инспирираме целата нација. Победите против Франција и Холандија во март ни покажаа дека сме на вистинскиот пат. Бевме трогнати од ентузијазмот на навивачите за понатамошни предизвици како што е Светското првенство во 2026 година“, рече Нагелсман по потпишувањето на новиот договор.