Спорт
Дрогба успешно опериран

Според проценките на лекарскиот тим на репрезентацијата на Брегот на слоновата коска, нивниот најдобар играч голгетер на англискиот шампион Челзи е успешно опериран
Операцијата врз раката на Дидие Дрогба била извршена во Сион, и се’ уште има можност тој да заигра на Светкото првенство во Јужна Африка кое почнува идниот петок. „Неопходната хируршка интервенција беше успешна и убедени сме дека Дрогба експресно ќе му се врати на фудбалот“, стои во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Брегот на слоновата коска што го пренесуваат агенциите.Дрогба се здоби со скрешница на лактот во петокот о пријателскиот меч против Јапонија кога во 15. минута врз него невнимателно стартуваше противничкиот одбранбен играч Тулио, БСК на светското првенство ќе игра во групата Г со Бразил, Португалија и Северна Кореја. Раководството на репрезентацијата се надева дека ќе се случи чудо и Дрогба ќе може да закрепне за девет дена затоа што до 14-ти јуни, 24 часа пред првиот меч, мора да биде објавено дали тој ќе биде во поширокиот состав или ќе биде најдена замена. На 15-ти јуни Брегот на слоновата коска ига со Португалија и се смета дека овој меч ќе има пресудна улога во тоа која од двете репрезентации покрај Бразил ќе ја мине фазата по групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Теодор Симиќ потпиша за Игокеа, а како позајмен ќе игра за Борац Бања Лука

Македонскиот кошаркарски бисер Теодор Симиќ, кој по четири години во Барселона донесе одлука да замине од каталонскиот клуб, потпиша договор со Игокеа, која во моментот ја предводи довчерашниот македонски селектор Драган Бајиќ.
Талентираниот центар потпиша четиригодишен договор со тимот од Лакташи, а во првата сезона ќе настапува за Борац Бања Лука кој игра во АБА 2 лигата.
Спорт
Деле Али ќе го засили Бешикташ?

Повремениот англиски репрезентативец Деле Али е пред трансфер во турскиот гигант Бешикташ. Тој доаѓа на позајмица, а ќе има годишна плата од 2,2 милиони евра годишно, откриваат турските медиуми.
Деле Али не успеа да ја пронајде некогашната форма и во Евертон, па менаџерот Франк Лампард е подготвен да му дозволи да замине во гигантот од Истанбул.
Во неговите најдобри денови, Деле Али беше цел на Барселона и на Реал Мадрид.
Спорт
Дарвин Нуњез се извини: Свесен сум дека згрешив

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, призна дека покажал лошо однесување на натпреварот против Кристал Палас (1:1) кога заработи црвен картон откако удри противнички фудбалер без топка. Тој вети дека тоа нема да се повтори.
„Свесен сум за лошото однесување што го имав. Тука сум да учам од моите грешки и тоа нема да се повтори“, напиша Нуњез на Твитер.
Набргу потоа, уругвајскиот интернационалец објави и фотографија на која го напушта теренот со наведната глава по црвениот картон.
„Се извинувам на сите во Ливерпул. Ќе се вратам“, додаде тој.
Новото засилување на Ливерпул сигурно ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ в понеделник.
Apologies to Liverpool all ✋????
I’ll be back ???? pic.twitter.com/iszTdSAx2i
— Darwin Núñez (@Darwinn99) August 16, 2022