Спорт
Србија со чудесно полувреме подобра од Камерун

Српската репрезентација во меч со многу голови и со целосен пресврт во првото полувреме ги совлада силните Камерунци, додека Италија ремизираше со Швајцарија на гости
На поранешниот Стадион на ЈНА наместо на белградска „Маракна“ каде репрезентацијата најчесто ги игра своите мечеви, Србија со 4:3 го совлада Камерун. Според белградките медиуми, вкавата одлука била донесена за да биде наполнет помалиот стадион по слабите игри на Србија во последните подготвителни натпревари. Камерунците поведоа во голот на Пјер Вебо во 4, минута, по што изедначи во 16. Милош Красиќ што е првиот гол на српската репрезентација на последните три меча, а Вебо повторно ги доведува гостите во водство по четири минути, во 20-та минута. Во следните пет минути Дејан Станковиќ изедначи во 25. минута, а потоа Ненад Милијаш од пенал го донесува првото водство за Србија во 44 минута, а Марко Пантелиќ во следната 45. минута зголемува на 4:2.Во второто полувреме по „хокеарските“ измени на двајцата селектори, играта изгуби на темпо и стана помалку интересна а за одбележување е само голот на Ерик Максим Чупо-Мотинг во 65. минута.Треба да се одбележи дека на овој подготвителен натпревар Камерун настапи без двајцата клучни играчи. Самуел Ето од европскиот и италијански шампион Интер, заради црвениот картон што го доби на пријателскиот меч против Португалија и ветеранот во одбраната Ригобер Сонг. На голот не беше ни досега стандардниот голман Идрис Карлос Камени. Камерун на СП ќе игра во групата со Холандија, Данска и Јапонија.Кај Србија во одбраната не настапи Немања Видиќ од Манчестер јунајтед, кој има зголемена температура. Камерун вечерва беше во улога на Гана со која Србија се среќава на првиот меч од СП, во групата во која се уште и Германија и АвстралијаВо другите вечерашни подготвителни мечеви на учесниците на мундијалот кој почнува за шест денови, Италија одигра нерешено на гостувањето во Швајцарија 1:1. Во Женева поведоа домаќините во 10. минута преку Ѓокан Инлер а „аѕурите“ изедначија во 15. минута со голот на Фабио Кваљрела. ШВајцарија игра во групата Х со Шпанија, Хондурас и Чиле, а Италија во групата Ф со Солвачка, Нов Зеланд и Парагвај. Противникот на Швајцарија, Хондурас беше високо поразен како домаќин од Романија со 0:3, За Романците головите ги постигнаа Николае во 17., Флореску во 45. и Радоју во 75. минута од пенал. Вечерва подготвителен меч одигра и Алжир во кој со 1:0 ги совлада Обединетите арапски емирати со голот на Карим Зиани во 57 минута од пенал. Алжир е во групата Ц со Англија, САД и Словенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Илон Маск го купува Манчестер Јунајтед?

Милијардерот Илон Маск го разнесе интернетот со твит дека планира да го купи Манчестер Јунајтед. Извршниот директор на компанијата „Тесла“ напиша два последовни твита на кои пишуваше:
„Ја поддржувам левата половина на Републиканската партија и десната половина на Демократската партија!
„И јас исто така планирам да го купам Манчестер Јунајтед, добредојдени сте.
To be clear, I support the left half of the Republican Party and the right half of the Democratic Party!
— Elon Musk (@elonmusk) August 16, 2022
Сепак, Маск е познат по објавувањето на вакви шеговити твитови, па во овој момент не е јасно колку сериозни се неговите намери. Во моментов, мнозински сопственик на Манчестер Јунајтед е американскиот милијардер Малколм Глејзер, кој поседува 75% од акциите на клубот.
Веднаш дојде и потврдата дека сепак засега се работи за шега.
„Не, тоа е долгогодишна шега на Твитер. Нема да купувам спортски клуб“, дополни Маск.
„Црвените ѓаволи“ лошо ја стартуваа сезоната во Премиерлигата, а оваа година нема да бидат дел и од Лигата на шампионите.
Спорт
Барди дебитираше, минимални порази за Трабзонспор и за Динамо Загреб

Енис Барди го имаше своето деби во дресот на Трабзонспор на гостувањето против Копенхаген во плејофот за ЛШ. Тој влезе во игра во 58.минута, а неговиот тим загуби со 2:1. Клаесон и Лерагер донесоа предност за Копенхаген, а Трабзонспор намали со голот на Бакасетас во 79.минута.
Динамо Загреб загуби на гости кај Бодо-Глимт со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за норвешкиот тим беше Амал Вилијам Пелегрино во 37.минута од мечот.
Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен ремизираа 2:2.
Спорт
Валтер Мацари ќе седи на клупата на Мароко на СП во Катар

Селекторската позиција на Мароко по заминувањето на Вахид Халилхоџиќ треба да ја преземе Валтер Мацари. Италијанскиот стратег, како што откриваат медиумите на Апенините, од синоќа е во таа земја на преговори.
Негов последен ангажман беше на клупата на Калјари.
Мацари нема искуство во водење на репрезентации, а најуспешен беше како тренер на Наполи со кој го освои Купот на Италија во сезоната 2011/2012. Една сезона подоцна, тој го предводеше Наполи до титулата вицешампион на Италија.
Мароко на Светското првенство во Катар ќе игра во групата Ф со Белгија, Канада и со Хрватска.