Спорт
ФФМ ги отфрли обвинувањата за исходот на финалето во Купот
Фудбалската федерација на Македонија во целост ги отфрли обвинувањата за вмешаност во какви и да се заткулисни игри околу финалниот натпревар од Купот кои се појавија во јавноста
На седницата на Управниот oдбор на ФФМ што се одржа во неделата во Прилеп било потенцирано дека федерацијата во финалето на Купот ја имала само улогата на организатор на натпреварот меѓу Тетекс и Работнички и „истата си ја изврши беспрекорно“.„Поради појавените шпекулации и индиции кои се појавија кај спортската и пошироката општа јавност за постоење на основи на сомнение за можни нерегуларности и фингирање на резултатот и победникот на финалниот куп натпревар на Македонија, одигран на 26 мај на „Националната Арена Филип Втори“, а заради заштита на регуларноста на натпреварувањето и зачувувањето на угледот на ФФМ, како и отфрлање на сомнежите за инволвирање на ФФМ, целосно ги подржуваме и охрабруваме надлежните истражни институции и бараме од страна на МВР согласно законските овластување да преземе соодветни мерки и активности, да ги провери сомнежите и доколку утврди нерегуларности да спроведе постапка за санкционирање согласно позитивните прописи во РМ за настаните пред одигрувањето и во врска со самиот натпревар. За превземените мерки и активности доколку од страна на МВР се утврдат и докажат нерегуларности да бидат известени органите и телата на ФФМ заради понатамошна постапка согласно Статутот и актите на ФФМ“, стои во соопштението обајвен на интернетстката страница на ФФМ.На денешната седница на Управниот одбор е донесена одлука за проширување на Втора македонска фудбалска лига од 14 на 16 клубови. Пополнувањето ќе се врши така што петте првопласирани екипи од Третите лиги ќе се пласираат директно, без бараж во Втората лига и заедно со десетте екипи кои се натпреваруваа во сезоната 2009/10 плус екипата на Милано која по одигрувањето на баражот испадна од Првата лига ќе ја формираат конечната бројка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Брејк на Фенер во Монако и на Олимпијакос во Барселона
Кошаркарите на Фенербахче и Олимпијакос славеа како гости бво Монако и Барселона, во првите плеј-оф натпревари во Евролигата.
Фенербахче, во малото кнежевство славеше по дополнителните пет минути со 95:91. Во регуларниот дел натпреварот заврши 81:81. Победата на Фенер ја засени повредата на Скоти Вилбекин, кој веројатно нема да биде подготвен за вториот натпревар.
Во победничкиот тим најефикасен беше Најџел Хејс-Дејвис со 19 поени, Ник Калатес додаде 17, а Нејтан Сестина 16 поени.
Во редовите на Монако Ели Окобо имаше 19, а Џордан Лојд и Мајк Џејмс постигнаа по 16.
Следниот натпревар се игра на истото место во петок на 26 април од 19 часот.
Олимпијакос во „Палау Блауграна“, го контролираше натпреварот од првата до последната секунда и заслужено ја победи Барселона со 77:75. Имаше Олимпијакос 13 поени предност во третиот период, Барселона се врати во мечот со серија 8:0. До крајот на натпреварот играчите на грчкиот тим ги одбија сите напади на Барселона.
Црвено-белите до брејк стигнаа со 15 поени на Најџел Вилијамс-Гос, 14 на Ајзеа Кенан, додека Петрушев имаше 12 со пет скока, а Мустафа Фал 11 поени.
Во тимот на Барселона Вили Ернангомез и Џабари Паркер постигнаа по 13 поени, Алекс Абриаес 11, а Рики Рубио 10 поени.
Вториот меч на програмата е во петок во Барселона.
Спорт
(Видео) Аталанта ќе се бори за трофејот во Купот на Италија
Аталанта вечерва избори пласман во финалето, во Кушот на Италија. Во реваншот, талнат ја победи Фиорентина со 4:1.
Предноста со која Фиорентина допатува во Бергамо ја анулира Копмајнерс во осмата минута.
Фиорентина остана со фудбалер помалку во 53.минута, кога Миленковиќ како последен човек во одбраната направи фаул врс Скамака.
И со играч помалку Фиорентина успеа да изедначи преку Мартинез Кватра во 68.минута. Работите во вкупниот резултат ги врати Скамака со евро-гол во 75.минута.
Драмата кулминираше во самиот финиш Лукман погоди во 95. за 3.1, а три минути подоцна точка на натпреварот стави Пашалиќ.
Фиорентина сигурно ќе има жестоки поплаки за судењето на Ла Пења. Впечаток е дека Фиорентина не доби пенал при водство на Аталанта 1:0, а исто така спорен е почетокот на акцијата при третиот гол, кога Бираги беше фаулиран, а и спорна е позицијата на стрелецот на голот Лукман.
Таму ги чека Јувентус кој претходно го победи Лацио.
Финалето е закажано за 15 мај.
Спорт
(Видео) Евертон ги згасна шампионските сништа на Ливерпул
Шампионските сништа на Ливерпул во „Мерсисајд“ дербито ги згасна Евертон. „Карамелите“, вечерва славеа со 2:0 и прв пат по 14 години славеа како домаќини над градскиот ривал.
Корнерите му пресудија на Ливерпул на „Гудисон парк“. Најпрвин реализираше Брејтвајт во 27., а точка на мечот стави Калверт-Лувин во 58.минута.
Ливерпул остана втор на табелата со три бода помалку од Арсенал, трет е Манчестер сити со четири бода и два натпревари помалку.
Евертон, со сите проблеми што ги има сезонава (одземањето на бодови), се чини дека со овој триумф го обезбеди опстанокот во лигата.
На „Олд Трафорд“, нова мачна партија на Манчестер јунајтед. Тимот на Тен Хаг губеше до 61.минута од најслабиот тим во Премиер лигата. На крајот „црвените ѓавли“ славеа со 4:2.
Шефилд поведе во 35. минута преку Богл, а Мегваер израмни во 42. Гостите го вратија водството во 50. минута, кога Чилеанецот Бреретон-Дијаз го совлада Онана. Бруно Фернандеш од пенал во 61. минута изедначи на 2:2.
Во финишот дојде до израз напаѓачкиот квалитет на Јунајтед, па домашните славеа со головите на Бруно Фернандеш во 81. минута и Хојлунд во 85. минута.
Кристал Палас е во одлична форма под водство на новиот менаџер Оливер Глезнер, а по Ливерпул и Вест Хем неговата сила ја почувствува и Њукасл. Двоен стрелец беше Матета во 55. и 88. минута.
Во Вулверхемптон, Бурнемаут со голот на Семења во 37. минута победи со 1:0.