Спорт
Германија супериорно против Австралија
Германските репрезентативци уште во првото коло од Групата Д со победа од 4:0 ја оправдаа фаворитската позиција во групата, но се наметнаа и како еден од ткн скриени претенденти на највисок пласман
Откако Гана ја совлада Србија во првиот меч од Групата Д, на Австралија и’ преостана денеска да се обиде да избори барем нерешен резултат доколку сака да го повтори успехот од минатото првенство во Германија кога беа елиминирани во осминафинале неправедно. Меѓутоа, Германците како и секогаш не калкулираа и од првиот момент јурнаа да ја оправдаат улогата на фаворитi.Инаку ова е најмладата репрезентација што Германија како трикратен светски шампион ја извела на светско првенство од првиот настап во 1934 г. Но тоа очигледно е мотив за оние што настапуваат во Јужна Африка. Австралијанците тргнаа смело и во 3. минута направија притисок пред противничкиот гол а не реализираше Гарсија. Германците веднаш возвраќаат и веќе по пет минути својот 39. гол во националниот дрес го постигна Лукас Подолски. По тоа веќе се разработува германската машина и се редат опасни напади и шанси пред австралискиот гол. Откако Клосе претходно не реализираше една од оние ткн. стопостотни шанси, во висок скок и со мала помош на голманот Шварцер со калва ја заби топката во мрежата. По сигурното водство, германските фудбалери до крајот на полувремето се повлече а младите фудбалери се обидуваа несвојствено толку за германскиот начин на сфаќање на фудбалот, атрактивно да проигруваат и да дојдат до голот на противникот. Се има впечаток дека доколку германските фудбалери беа поконцентрирани во завршниците од акциите, резултатот ќе беше далеку повисок. Вториот дел почна со иницијатива на Австралијците и се чини дека грешките на мексиканскиот судија Родригез Морено можеа да придонесат за поинтересен натпревар. Прво во 47. минута не судеше пенал за Австралија откако топката упатена со глава кон голот на Неуер го погоди Клосе во рака, а во 56. минута можеби престрого со директен црвен картон го исклучи од игра Кејхил. Стартот на австралискиот играч од зад грб врз Швајншвајгер не беше намерен но не беше нималку наивен и можеше да предизвика посериозна пвреда на германскиот фудбалер што можени и претежна Морено да го извади црвениот картон. По ова „панцирите“ продолжија супериорно но покажаа и големо неснаоѓање во завршницата на акциите, иако според крајниот резултат не се добива таков впечаток. Во 68, минута Мулер во една повеќето мешаници во шеснаесетникот на Австралија е прецизен за 3:0, а штотуку влезениот во игра Бразилец во германски дрес Какау во 74. минута најавува висок пораз на „кенгурите“. На крајот останува прашањето дали Германија е толку добра или, пак, Австралија е послаба отколку што се претпоставуваше. Тоа ќе се види уште во следното коло, на 18 јуни кога се среќаваат Германија и Србија а следниот ден Австралија ќе се обиде да ја анулира предноста на Гана од три бода и во последното коло со Србија да се обиде да мине во втората фаза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.