Спорт
Порталите полни со Светското првенство
Ако сакате да се вклучите во сите аспекти во Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, а не сте таму, може тоа да го направите преку бројните интернет страни кои нудат најразлични облици на забава поврзани со најважната споредна работа на светот
Шпанскиот фудбалски портал marca.com има многу интересен распоред на натпреварите. Направен е во вид на електронско тркало, нешто слично на вечните календари, а прегледноста е огромна. Најдобро е што е на англиски јазик, па можат да ја разберат и да ја користат повеќе милиони луѓе. Еден сектор од тркалото ги има 32-та тимови, другиот е со датуми, потоа еден со локациите и последниот сектор е со групите. Само наместете го глувчето врз нив и на средина на тркалото ќе се појават деталните податоци. Англискиот портал football365.com, исто така има некои интересни функции околу фудбалот. Покрај сите фудбалски статистики и кратки вести што можеби некогаш ќе ви затребаат, имаат албум со слики од секој што ќе ви падне на памет и неговата врска со фудбалот. Имаат и квизови, за проверка на вашето фудбалско знаење како и музичка страна, каде можете да прочитате интервјуа со музичари кои зборуваат за фудбалот. ESPN има посебна секција за Светското првенасто со секакви забавни игри на тема фудбал, каде можете да добиете и големи награди. Можете слободно да симнете некои мундијалски информаци, слики и видеа, кои во ммомент ќе ве информираат за резултатот, новостите и за вашиот омилен тим. Можете да играте виртуелно Светско првенство на Jimungo, а воедно да ги следите игрите на вашите пријатели. Вклучени се и награди. Секако можете Светското првенство да го грате и на EA Sports’ free World Cup game, каде можете својата земја, иако не учествува на мундијалот да ја донесете до шампионска титула. На забавната фудбалска страна oleole.com може да симнете постери од Светското првенство за вашиот десктоп, а ако имате iPhone има и безброј апликации за него. Сите весници во Велика Британија имаат посебни додатоци или страници наменети за Светското првенство, но нешто поразличен е Гардијан, со мрежа на навивачи на Светското првенство, кои соработуваат со нив. Дури 125 посветени навивачи можат да ставаат информации насвоите блогови и твитери, кои Гардијан ги презема. Читателите можат да ги рангораат играчите по секој натпревар, може дневно да гласаат. Да праќаат слики и да ги поврзуваат со своите блогови, за што гардијан плаќа. И forum.com.mk се посвети на Светското првенство, па изработи досие, во кое може да прочитате, краток историјат на сите светски првенства од 1930 година, па наваму. Можете да ги прочитате најновите вести, како и резултатите, состојбата на играчите, предвидувања за можните состави во одредени натпревари и слично.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.