Спорт
Меси и Франција денеска пред големи предизвици

Со денешните натпревари ќе биде комплетирано второто колово групите А и Б од Светското првенство во Јужна Африка, во кој се очекуваат интересни двобои меѓу Аргентина и Јужна Африка, Грција и Нигерија и Франција и Мексико
Откако со победи стартуваа против Нигерија и Грција, Аргентина и Јужна Кореја во првиот денешен натпревар во терминот од 13.30 часот во Јоханесбург. И за двете екипи победата значи и сигурен пласман во осминафиналето од Групата Б.Аргентина против Нигерија покажа дека има течна игра но интересно ќе биде да се види дали против Корејците „гаучосите“ ги наместиле нишанските справи. Да потсетиме, против Нигерија, Меси и Игуаин не успеаја да поентираат дури од десет изгледни шанси, но делумно по вина на одличниот голман Винсент Ениејема.Јужнокорејците, пак, целосно ги надиграа поранешните европски прваци Грција, но прашање е дали се работи за толкав нивен квалитет или, пак, за голема немоќ на Грците. Несомнено е дека Јужна Кореја има квалитет, но исто така повеќе од сигурно е дека ќе се ориентират првенствено да не примат гол. Затоа може да очекуваме црвста и дисциплинирана игра со позатворена варијанта од нивна страна која Аргентинците ќе се обидат рано да ја отворат со погодок.Во Блоемфонтејн се среќаваат Грците и Нигеријците. И двете екипи со по еден пораз ќе мора да одат на сигурна победа за да обезбедат шанса во третиот меч од групата да изборат продолжение на настапите на мундијалот. Доколку победат Нигеријците ќе имаа условно речено полесна задача, бидејќи во следниот меч ќе се сретнат со Јужна Кореја, додека Грците во последниот натрпевар по групи се среќаваат со големиот фаворит Аргентина. Грција доколку доживее пораз ќе го повтори катастрофалниот резултат од 1994 г., кога првенството го напушти како последнопласирана репрезентација со три пораза од три меча. Оттаму, се очекува возбудлив меч но со оглед на квалитетот на двете екипи, не може да се очкува и квалитетна во играчки смисла фудбалска претстава.Вечерниот термин е резервиран за мечот Франција – Мексико, кои од 20.30 часот ќе се сретнат во Преторија. По ремито на двете селекции во првото коло, ова ќе биде меч од особена важност. Се очекува дека францускиот селектор Рејмонд Доменек да ја измени формацијата и стратегијатаво за нијанса поистурена варијанта во која ќе вклучи и класичен шпиц играч. На страна на Французите е и традицијата. Имено Франција во шесте мечеви против Мексико забележала пет победи и едно реми со постигнати 15 голови. По победата на Уругвај во синоќешниот меч со Јужна Африка, и Мексиканците од денешниот меч мора да излезат најмалку непоразени, па да се надеваат во јужноамериканскиот двобој со Уругвај да се квалификуваат за нокаут фазата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Илон Маск го купува Манчестер Јунајтед?

Милијардерот Илон Маск го разнесе интернетот со твит дека планира да го купи Манчестер Јунајтед. Извршниот директор на компанијата „Тесла“ напиша два последовни твита на кои пишуваше:
„Ја поддржувам левата половина на Републиканската партија и десната половина на Демократската партија!
„И јас исто така планирам да го купам Манчестер Јунајтед, добредојдени сте.
To be clear, I support the left half of the Republican Party and the right half of the Democratic Party!
— Elon Musk (@elonmusk) August 16, 2022
Сепак, Маск е познат по објавувањето на вакви шеговити твитови, па во овој момент не е јасно колку сериозни се неговите намери. Во моментов, мнозински сопственик на Манчестер Јунајтед е американскиот милијардер Малколм Глејзер, кој поседува 75% од акциите на клубот.
Веднаш дојде и потврдата дека сепак засега се работи за шега.
„Не, тоа е долгогодишна шега на Твитер. Нема да купувам спортски клуб“, дополни Маск.
„Црвените ѓаволи“ лошо ја стартуваа сезоната во Премиерлигата, а оваа година нема да бидат дел и од Лигата на шампионите.
Спорт
Барди дебитираше, минимални порази за Трабзонспор и за Динамо Загреб

Енис Барди го имаше своето деби во дресот на Трабзонспор на гостувањето против Копенхаген во плејофот за ЛШ. Тој влезе во игра во 58.минута, а неговиот тим загуби со 2:1. Клаесон и Лерагер донесоа предност за Копенхаген, а Трабзонспор намали со голот на Бакасетас во 79.минута.
Динамо Загреб загуби на гости кај Бодо-Глимт со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за норвешкиот тим беше Амал Вилијам Пелегрино во 37.минута од мечот.
Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен ремизираа 2:2.
Спорт
Валтер Мацари ќе седи на клупата на Мароко на СП во Катар

Селекторската позиција на Мароко по заминувањето на Вахид Халилхоџиќ треба да ја преземе Валтер Мацари. Италијанскиот стратег, како што откриваат медиумите на Апенините, од синоќа е во таа земја на преговори.
Негов последен ангажман беше на клупата на Калјари.
Мацари нема искуство во водење на репрезентации, а најуспешен беше како тренер на Наполи со кој го освои Купот на Италија во сезоната 2011/2012. Една сезона подоцна, тој го предводеше Наполи до титулата вицешампион на Италија.
Мароко на Светското првенство во Катар ќе игра во групата Ф со Белгија, Канада и со Хрватска.