Спорт
Португалците не смеат да згрешат
По нерешениот резултат со Брегот на слоновата коска, Португалија, во 13.30, понеделник, ќе има шанса да му се приближи на Бразил во групата Г, против Северна Кореа
Репрезентативците на Карлос Кеирош, ќе бркаат три поени, за во последното коло кога ќе се сретнат со бразил да имаат некаква предност. Сепак, не треба да ги потценат Севернокорејците, затоа што тие знаат да пружат отпор.
„Ќе мора да играме подобро и ако е потребно порискантно. Затоа што победа ни е непопходна. Не смееме да си дозволиме да играме како во претходниот меч. Покрај тоа, знаеме дека на спротивната страна ќе имаме многу добар противник, но тоа нема да не спречи во нашата цел, а тоа е победа“, вели Кеирош.
За најдобриот играч на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, јасно дека „походот на победа“ се подразбира, со што е можно подобра гол разлика. Најскапиот играч на денешницата, исто така, побара ФИФА да го поништи неговиот жолт картон, што не се случи, па ќе мора да биде внимателен во денешниот натпревар, затоа што во случај на уште една опомена, тој нема да може да игра на следниот меч.
Корејците, од друга страна, пак не се предаваат.
„Португалците се едни од фаворитите за освојување на шампионатот, но ние веќе одигравме еден добар натпревар со една од најсилните репрезентации на светот. Токму поради тоа, притисокот малку опадна, па имаме шанси да победиме“, вели напаѓачот, Јонг Тае Се.
Единствен пат кога осмата и 90 репрезентација на светот играле заеднички меч е пред 44 години, а поуспешни биле Португалците. Победиле со 5:3, по големо заостанување од три гола разлика. Тогаш Португалците на Светското во Англија беа трети.
Тие имаат и подобар резлтат во натпреварите со азијатите. Португалија ги има победено репрезентациите на Северна Кореа и Иран, а изгубија од Јужна Кореа пред осум години со 0:1.
На стадионот „Грин поинт“ во Кејптаун, Севернокорејците влегуваат растоварени,додека Португалците мораат да победат и да оправдаат дека навистина може да се сметаат за фаворити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.