Спорт
Чиле се издвои во групата Х
Во вториот натпревар на мундијалот репрезентацијата на Чиле во Групата Х, во Порт Елзиабет пред 35 илајди гледачи ја совлада Швајцарија со 1:0
Единствениот гол во овој итнересен меч го постигна резервистот Марк Гозналес во 75. минута, а за одбележување е моментот од 31. минута кој, како штоп се покажа во подоцнежниот тек од натпреварот имаше големо влијание, кога Швајцарската репрезентација остана без Валон Бехрами кој беше исклучен, се чини сепак престрого од страна на саудискито судија Ал-Гамди. Чиле со две победи и шест бодови е прв на табелата во групата, додека Швајцарија има три а Шпанија и Хондурас кои меѓусебниот дуел го играат вечерва немаат освоено бодови. Така се очекува третот коло во Групата Х да донесе неизвесност до крај и може да се случи гол разликаат да ги одреди патниците за осминафиналето.Чиле до новите три бода стигна сосема заслужено, а победата можеше да ја изрази и со повеќе голови што, како што рековме може да биде клучно доколку Швајцарија очекувано го совалда Хондурас а Чилеанците во следниот меч бидат поразени од големиоит фаворит Шпанија со што ќе се создаде круг од три репрезентации со шест бодови.Сите статистички показатели но и самата игра во полето покажуваат дека Чиле ја имаше предноста во овој натпревар, што беше сосема очекувано бидејќи цел час имаа играч повеќе. Швајцарија по исклучувањето на Бехрами мораше повеќе да се ориентира на одбраната надевајќи се дека ќе освои барем бод што многу ќе ги зголемеше шансите за палсман во нокаут фазата. И тоа добро го правеше до 75. минута кога Гозналес ја затресе мрежата на Бенаљо.По примениот гол Швајцарија, иако и претходно не играше особено изразена затворена варијанта, се отвори уште повеќе обидувајќи се да извлече бод, во што за малку и ќе успееше во 89. минута но ударот на Дердиуок не заврши во мрежата.За овој меч може да се каже генерално дека беше во голема мера отворен и со изразена желба да се постигне погодок, а само привидно Хицфелд ја постави играта како и Шпанија, поставувајќи ги сите играчи зад топката првенствено недозволувајќи му на противникот да ги мине неговите одбранбени редови. Швајцарија инаку на овој меч го постави рекордот ан светските првенства бидејќи дури 550 минути не примија гол. Досегашниот рекорд во оваа категорија го држа Италијаните кои немаа приемно гол 500 минути. Швајцарците последниот гол на светските првенства гоимаа примено во 1994 г. во 86. минута од осминафиналето против Шпанија. Потоа на четирите мечеви, три во групата и во осминифалето не примија гол од игра во Германија на претходниот мундијал не примија гол, а со петиот меч без примен погодок притв Шпанија го започнаа ова светско првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.