Спорт
Пеналите – болна точка на Холанѓаните
Со две победи во групата (против Данска и Jапонија) фудбалската репрезентација на Холандија се избори за пласман во вториот круг на Светското првенство во Јужна Африка, но пеналите им се слаба точка, а тоа ги плаши за понатаму
На последните осум големи натпреварувања Холанѓаните дури четири пати испаднаа по изведување на пенали. На Европското првенство во 1992 година, Даска ги елиминираше во полуфиналето. Четири години подоцна Французите на идентичен начин ги елиминираа во четвртфиналето. На Светското во 1998 година, Холанѓаните испаднаа поради надмоќноста на Бразил, исто на пенали, а иста судбина имаа и на контролниот натпревар во 200 година кога Италијанците беа подобри од нив. Само во Португалија на ЕП 2004 Холанѓаните беа подобри од Шведска кога ги победија по изведувањето пенали. Холанѓаните особено се загрижени поради изведувачите на пенали, затоа што голманите знаат да ги застанат противничките шутери. Така, пред две години на Европското првенство, тогашниот селектор на „лалињата“ Марко ван Бастен постојано бараше од неговите избраници да вежбаат пенали, па Снајдер, Робен, Ван дер Ваарт и другите беа потполно спремни за изведување на казнените удари. На крај, беа поразени од Русија, но во регуларниот тек на играта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.