Спорт
Франција без Галас, Анри и Абидал, засекогаш
Хаосот што се случи во редовите на француската репрезентација за време на Светското првенство во Јужна Африка ги доби главните виновници
Според главниот секретар на Францускиот фудбалски сојуз, Анри Монтил,, виновници за расколот во редовите на репрезентацијата се Вилијам Галас, Ерик Абидал и Тиери Анри, кои ги натерале помладите играчи на бојкот. „Три или четири лидери во репрезентацијата се заслужни за нашата срамота. Го натераа остатокот од екипата на штрајк. Тоа се Вилијам Галас, Ерик Абидал и Тиери Анри. Тоа се играчите кои никогаш повеќе нема да заиграат за Франција на Светско првенство, заедно со својот пријател Анелка“, остро изјавил Монтил. „Некои млади играчи дојдоа кај селекторот. Плачеа и се извинуваа за она што се случи“, додава тој. Речиси е сигурно дека тие играчи завршија со репрезентативната кариера. А најверојатно кон тоа ќе треба да се придржубва и новиот селектор на Франција, Лорен Бланк, кој ќе го замени Доменек. Галас и Анри имаат по 33 години, а по две години се помлади Анелка и Абидал. Тоа е недоличен крај за Тиери Анри кој за репрезентацијата има направено многу. Тој играше во 1998 година кога Франција стигна до победата на Светското првенство, а 2006 година стигна до финале, на ЕП 2000 година, Французите беа шампиони. Анри е најдобриот стрелец на репрезентацијата. „Франција се соочува со фудбалска катастрофа. Не поради изгубениот натпревар, туку во прашање е морална катастрофа. Фудбалерите го извалкаа имиџот на Франција“, порача министерката за спрто во Владата на Франција, Роселин Башело. И капитенската кариера на Патрис Евра заврши, а траеше само пет натпревари. Веројатно лентата трајно ќе му биде одземена, но тој нема да биде отпишан од репрезентацијата. Најверојатно, нема да игра на денешниот натпревар против Јужна Африка. Селекторот Доменек, ќе ги соопшти играчите во вторник, најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.