Спорт
Бразил и Португалија мирољубиви
Бразил и покрај неочекуваниот состав на мундијалот беше прогласен за неприкосновен фаворит во групата, а нивниот европски пандан Португалија не се обиде да го загрози распоредот на табелата во групата
Репрезентациите на Бразил и Португалија иако во своите состави имаат одлични напаѓачи и поединци кои честопати самите ги решаваат важните натпревари, во меѓусебниот дуел кој со поделбата на бодовите и на двете екипи им пружаше сигурен пласман во осминафиналето одиграа без особен ангажман. . Бразил не се ни трудеше да доминира како што се очекуваше од репрезентација која зад себе има пет мундијалски трофеи и повторно е вбројувана како најголем фаворит на овој во Јужна Африка. Во ваквиот Бразил најмногу се истакнаа Маикон, Елано и Луиш Фабиано, а Кака по блескавата игра кога беше потребно против БСК не покажа многу во претходните мечеви. Португалците пак преводени од Кристијано Роналдо исто така не покажаа нешто особено ниту во групата, а особено не на денешниот меч, во кој и речиси да немаше момент кој може посебно да одбележи. Натпревар на Бразил кој завршил 0:0 без да може да се издвои шанса или играч треба да се заборави иако играа пред 62 илјади гледачи. Првото полувреме мина во нервозна игра која дополнително ја расипуваше со несигурното судење мексиканскиот арбитер Арчундиа кој подели дури седум жолти картони. Бразил својата најголема шанса ја имаше во 30. минута кога Фабиано одлично го пронајде Неимар на втората статива, но португалскиот голман Едуардо одлично реагираше во петерецот свртувајќи ја топката во стативата.Португалија, пак својата најголема шанса ја имаше во 60. минута кога Роналдо во шеснаесетникот на кариоките направи притисок врз Лисио, кој реагираше лошо свртувајќи ја топката само до Раул Мерилес кој не успеа да го искористи овој подарок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Димитров го растури Алкараз во Мајами
Григор Димитров го победи Карлос Алкараз со 6:2, 6:4 во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами. Ова беше петти меѓусебен дуел на Бугаринот и Шпанецот и втора победа по ред за Димитров.
„Направи да се чувствувам како да имам 13 години“ – го опиша Карлос Алкараз поразот од Бугаринот
„Не се сеќавам некој да ме натерал да се чувствувам вака. Вакво нешто одамна не ми се случило. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми даде. Почувствував неверојатна фрустрација.“
А 32-годишниот Димитров навистина одигра перфектно. Мечот го заврши со 24 винери.
„Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Против него е многу тешко да се направи тоа“ – објасни Бугаринот како го победи шампионот на Индијан Велс.
Можеше и побрзо да победи бидејќи водеше со 4:1 во вториот сет, но потоа Алкараз успеа да врати еден брејк, но не успеа да се врати во мечот.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.