Спорт
Уругвај се пласираше во четвртфиналето
Во многу интересен натпревар првиот светски фудбалски шампион ја совлада Јужна Кореја со 2:1, со двата гола на Суарез
Првиот осминафинален натпревар на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка донесе возбудлив и допадлив фудбал со неизвесност што се очекува и во следните натпревари. Уругвај за нијанса беше поснаодлив и подобар во техничка смисла, што јужнокорејските фудбалери го надополнуваа со дисциплинирана и борбена игра.Во Порт Елизабет на стадионот „Нелсон Мандела“ пред повеќе од 25 илјади гледачи, Луис Суарез беше стрелец во 8. и 80 минута за Уругвај, а во 68. минута Ли Чунг-Гинг погоди во 68. минута.Корејците уште в втората минута изведоа одлична контра во која Ли-Сунг беше во можност да шутира од шеснаесетникот но чекаше предолго по што му беше одземена топката. Најдобриот корејски фудбалер Парк во 5. минута изведе слободен удар од кој ја погоди ставата. На другата страна Уругвај возврати со волеј на Диего Форлан во 6. минута но неговиот удар одеше директно во корејскиот голман. Но смао по две минути Форлан ја води акцијата од левата страна од каде упати остар центаршут, а корејскиот голман Санг Ри-Јонг направи грешка пропуштајќи ја во петерецот каде ја дочека Суарез кој поентираше од непосредна близина По ова следуваа неколку удари од далечина на двете страни но освен шансата на Суарез во 38. минута кога со глава од непосредна близина биеше во противничкиот голман, играта се одвиваше меѓу двата шеснаесетника со цврсти дуели. Во овој период Уругвајците протестираа против две контроверзни одлуки на германскиот судија Старк кога беа запрени две нивни изгледни акции.Во второто полувреме Уругвај се повлече пред својот гол, што јужнокорејците го искористија да создадат неколку шанси од кои ја искористија онаа во 68. минута. Претходно Парк Чу-Јунг промаши во 51. минута а ударот на Парк Ји-Сунг во 58-та голманот Муслера го одбрани, по што тој му кумуваше донекаде на изедначувањето. Муслера несигурно истрча на нафрлување пред неговиот гол што го искористи Ли Чунг-Јунг.По примениот гол Уругвајците повторно тргнаа во напад што резултираше со прекрасен погодок на Суарез во 80. минута. Повторно Форлан нафрли, овојпат од корнер, а Суарез на 16 метри ја прифати топката и стрелаше во спортивниот агол од корејскиот гол. Последната шанса Корејците ја имаа 87. минута кога Ли Донг-Гук од десет метри биеше слабо што му овозможи добра интервенција на Муслар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…