Спорт
Нова фудбалска војна меѓу Германија и Англија
Денеска во Блоумфонтејн во 16 часот ќе започне третиот осминафинален натпревар на мундијалот во Јужна Африка кој треба да го даде одговорот кој од европските фаворити ќе испадне уште во првиот елиминациски меч
Оваа фудбалско нетрпеливост која секако ја следи и политичката конкурентност и ривалитет започна на Светското првенство во Англија 1966 г., кога Англија и Германија го одиграа првиот од досегашните четири меѓусебни натпревари. Тогаш во Лондон, Англичаните на контраверзен начин, со според многумина непостоечки а признат гол и конечни 4:2 по продолжението стигнаа до нивната единствена титула светски прваци. Во другите три натпревара Германците одмазнички ги вложуваа сите натпревари играјќи како да станува збор за титулата и славеа победа и на последниот меѓусебен натпревар на Светското првенство во Италија 1990 г. Тогаш во полуфиналето Германија победи и си го отвори патот до шампионската титула. Германците славеа со 4:3 на пенали откако Бодо Илгнер успеа да го одбрани пеналот на Стјуарт Пирс, актуелниот помошник на англискиот селектор Капело.Двете селекции иако се вбројуваат во кругот на претенденти за највисок пласман на шампионатот во Јужна Африка, не импресионираа со својот настап во групната фаза. Германците, го освоија првото место во групата Д со победите над Австралија 4:0 и Гана 1:0, односно поразот од Србија од 1:0. Избраниците на Јоаким Лев прикажаа бројни слабости, но упорноста и дисциплината која го краси секој германски тим е главен адут за трето пласираната репрезентација на Мундијалот во 2006-тата.Звучните и скапи имиња на фудбалери кои ги има на располагање Фабио Капело, со многу мака и среќа успеаја да обезбедат место меѓу шеснаесетте најдобри на првенството. Англија по двата нерешени резултати против САД и Алжир, со многу среќа во третото решавачко коло од групата Ц ја совлада Словенија и го обезбеди второто место. Италијанскиот стручњак истакна дека грчот и бремето кое го чувствувале неговите избраници пред почетокот на шампионатот е веќе минато и дека конечно фудбалерите на Англија почнале да играат фудбал каков што се очекува од играчите кои доаѓаат од „земјата на фудбалот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.