Спорт
Лампард бара технологија но не го оправдува поразот
Не стивнуваат реакциите по мечот меѓу Англија и Германија, првенствено поради непризнатиот гол на Лампард, што го призна и германскиот селектор но никој не ја оспорува победата на „елфовите“
Несудениот стрелец на израмнувачкиот гол за „Гордиот Албион“ во попладневниот осминафинален меч со Германија, Франк Лампард апелираше до ФИФА да ја воведе модерната технологија во фудбалот.„Вакви работи се дозволени, особено не на светско првенство. Време е ФИФА да ја воведе технологијата во фудбалот. Пред првенството играчите беа запознаени со милион нови правила без врска а сепак се случуваат вакви големи пропусти“, изјави по мечот играчот на Челзи кој во непризнатиот гол не сака да бара оправдување за поразот, „Не сакам моите зборови да бидат сфатени како изговор за поразот. Германија ја заслужи победат.“, вели Лампард.Англискиот капитен Стивен Џерард е многу разочаран.„Си заминуваме дома со прашањето што тргна на лошо. Како екипа направивме големи грешки и затоа сме казнети. На неколкумина ова им беше последна моќност на светските првенства. Што се однесува до Германија, тие се фантастичен тим и ја заслужија ја победата.“, изјави капитенот Џерард кој и покрај сите усилби не успеа да ги разбуди и мотивира своите соиграчи. Германскиот селектор Јоаким Лев се согласи дека судијата Ларионда згреши што не го призна голот на Лампард во 38. минута.„Од она што го видов на тв-снимката, топката ја мина гол-линијата“, вели Лев.“Беше тоа фантастична игра против искусната англиска репрезентација, а се надевам дека гледачите уживаа. Игравме со многу самодоверба, а по водството од 2:0 уште повеќе ни се зголеми моралот. На полувремето им реков на играчите дека мора да дадеме и трет гол, бидејќи знаев дека можеме да ги загрозиме од контранапади Играчите тоа брилијантно го изведоа на теренот, а посебно пофалби заслужува Томас Милер“, оцени селекторот на првиот четвртфиналист на мундијалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.