Спорт
Марадона би облекол дрес да заигра
Многумина сметаа дека Mарадона не знае многу како тренер и дека нема да постигне ништо со аргентинската репрезентација, но по вчерашната победа над Мексико, го чека натпревар со Германија
Диего Марадона сега ликува, а на прес-конференцијата се појавил со пура, која ја изгасил откако бил замолен да го направи тоа. Со досегашните четири победи, нема причина Марадона нема причина да не биде среќен, иако првиот гол во мечот со Мексико беше подарок од судиите, кои не видоа очигледен офсајд.
„Би облекол дрес и би заиграл. Но, знам дека ова не е финале на Светското првенство 1986 година“, рекол марадона на прес-конференцијата по мечот со Мексико, пренесува АФП.
За следниот меч со Германија, Марадона вели дека ќе види кои играчи се чувствуваат добро, и дека знае оти некои се уморни, па според тоа ќе одреди со кој состав ќе настапи.
И покрај подарениот гол, Марадона ги критикува судиите. Имено, вели дека Меси повторно бил константно напаѓан а судиите тоа не го гледале.
„Ми се пристори дека Росети не му дозволи на Меси да игра со топката. Добро го натепаа, а судијата остана нем. Ме загижува што може да го повредат Меси“, вели Марадона.
„Не дојдовме овде на одмор туку по наслов Светски прваци. Желба ни е да ги направиме горди сите Аргентинци и затоа им честитам на момчињата кои овде прават само едно“, вели Марадона кој победата над Мексико му ја посвети на неговиот добар пријател мотоциклистот Валентино Роси, кој лежи повреден од скршеница на ногата.
Марадона не изостави да ги боцне и оние кои не веруваа во него: „Ми велеа дека не знам ништо од тренерската работа“.
Избраниците на Марадона на 3 јули во Кејптаун играат против Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.