Спорт
Холандија потешко од предвиденото во четвртфиналето
Во денешниот осминафинален меч во Дурбан „лалињата“ со неуверлива игра ја совладаа Словачка со 2:1, по што го очекуваат победникот од вечерашниов дуел јужноамерикански дуел меѓу Бразил и Чиле
Пред околу 65 илјади гледачи на стадионот „Мосез Мабхида“, за Холандија стрелци беа Арјен Робен во 14. и Весли Снајдер во 84. минута, додека Роберт Витек во четвртата минута од судиското надополнување од пенал само се избори за достоен пораз на Словачка. Статистиката на мечот покажува рамноправен натпревар. Имено, „оранжовите“ во посед ја имаа топката 52 отсто, додека Словаците 48, Холанѓаните на противничкиот гол шутираа вкупно 16 пати од кои девет пати во рамките на голот, а противникот имаше 12 шутеви, од кои само три одеа директно во холандскиот гол но беа многу опасни, а во корнери скорот е 5:2, што ја илустрира доволната теренска надмоќ на Холандија, но и фактот дека без мака не може да се стигне до успех во осминафинале на мундијал. Првото полувреме беше едно од најлошите на ова светско првенство, но затоа, пак, второто донесе пожива игра во кое дебитантот на светските првенства промаши дури три стоотстотни шанси при минимално водство на Хоалндија.За Хоалндија првпат на првеството мечот го започна нивнито најдобар фудбалер Арјен Робен и уште во 18. минута постигна гол. Како и многупати во кариерат Робен собра околу центарот топка исфрлена од холандскиот казнен простор и влезе во пробив од десната страна измамувајќи ја удвоената одбрана против него и со левата нога прецизно стрелајќи неодбранливо во словачкиот гол. Подоцнежната шанса на Весли Снајдер, покрај погодокот на Робен, беа единствените две нешта што може да се одбележат од овој меч, кога Холанѓаните пропуштија можност со константен притисок да постигнат убедливо водство. Тоа „лалињата“ сакаа да го надополнат веднаш на почетокот од второт полувреме, но словачкиот голман Муха ги одбрани ударите на Робен, Ван Перси и Матијансен. Тоа се случуваше до 50. минута, од кога дојде до голем пад во играта на Холандија, што неискусната посебно за вака големи мечеви словачка репрезентација не успеа да го искористи. Словаците како и претходно кога го елиминираа досегашниот светски шампион Италија со 3:2, покажаа дека имаат квалитет на истрајност и дрскост потребен да се совлада голем фаворит. Холандскиот голман Мартен ван Стекеленбург е виновник што ако не проследивме ново големо мундијалско изненадување, ги искрати гледачите за многу поинтересна завршница, бранејќи ги одличните удари на Стох и Витек во периодот околу 66. минута. Витек во повторен обид од само шест метри го промаши целиот гол на Холандија, а слична стонастотна шанса пропушти и во 77. минута.За жал на Словаците, за овие промашувања им се одмазди старото непишано фудбалско правило и казната ги стигна во 84. минута, кога откако на топката што пред нивниот гол ја сврте Дирк Кајт кој го претрча голманот Муха, натрча Снајдер и пласира во празната мрежа. По голот, „лалињата“ не успеаја да го искористат разочарувањето на Словаците и не реализираа неколку излгедни можности за гол. Во последните мигови Стекеленбург во својот казнен простор го фаулираше Мартин Јакубка по што Витек го намали резултатот а воедно со четири погодоци во исто толку натпревари се изедначи со засега водечкиот голгетер на шампионатот, Аргентинецот Гонзало Игуаин.Холандија така ја забележа четвртата победа на мундијалот, но впечаток е со најслабо покажаната досега игра во Јужна Африка, па доколку сака да се пробие во полуфиналето, ќе мора многу да направи големи измени во однос на тоа што го демоснтрираше, па без разлика дали тоа во четврфиналето ќе се сретне со Бразил или со Чиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.