Контакт

Спорт

Холандија во полуфуиналето преку Бразил

Објавено пред

Холандските репрезентативци со целосен пресврт во второто полувреме во првиот четвртфинален меч на светското фудбалско првенство во Јужна Африка го совладаа Бразил со 2:1, останувајќи единствената непоразена репрезентација

dobivaj vesti na viber

Мечот што се играше на стадионот „Нелсон Мандела“ во Порт Елизабет, двете досега непоразени екипи донесе драма за „селекао“ која беше многу подобра во првото полувреме откако уште во 10 минута преку Робињо дојде во водство. Претходно напаѓачот на Манечестер сити постигна гол и во 8. минута, но тој беше поништен поради офсајд ситуација. Водството на Бразил дојде по одличната длабиснка топка на денешниот трагичар Фелипе Мело кој ја префрли целата холандска одбрана, а Кака одлично го пронајде Робињо кому со удар по земја го совлада голманот Маарлен Стекеленбург. Бразил можеше да го зголеми водството и во 25. минута, но Хуан од непосредна близина го промаши голот, а потоа во 31. минту шутот на Кака Стакелебург одлично го одбрани.Во второто полувреме Холандија заигра многу подобро и ги притиснаа Бразилците во шеснаесетникот на Хулио Сезар. Активната игра „лалињата“ ја ефектуираа со погодокот во 53. минута. Голот е запишан како автогол на Мело, кој последен ја зафати топката, откако од десната страна во гужвата пред бразилскиот гол ја уфрли Весли Снајдер.По 15 минути, поточно во 68. минута Холанѓаните го направија целосниот пресврт со голот  на Весли Снајдер. Ацијата за водечкиот гол потече од корнерот што од десно го изведе Арјен Робен, а Дирк Кајт со глава ја сврти во петерецот од каде исто така со глава ја пречека Снајдер спроведувајќи ја крај немоќниот Сезар. До ркајот на мечот Бразил не успеа да се врати во игра и неговите фудбалери не изградија ниедна позиција за гол. Тие дваесетина минути играа со играч помалку откако во 73. минута заради вториот жолт картон од игра беше исклучен индиспонираниот Мело. Тој го фаулираше Робен, но потоа го згазна за што судијата Јуичи Накамира од Јужна Кореја му го покажа и вториот жолт картон денеска. Бразил со овој пораз вторпат едно по друго на светско фудбалско рпвенство е елиминиран во четврфиналето.   Холанѓаните кои по 12 години повторно се квалификуваа за полуфинале на светско првенство, со денешниот резултат ја продолжија победоносната серија од пет мечеви по ред на Светкото првенство во Јужна Африка, инаку 24-ти последователен меч без пораз. Со тоа тие го надминаа досегашниот рекорд на нивниот денешен противник од светското првенство во Мексико во 1970 г. кога остварија 13 врзани победу (5 + 8) во квалификациите за главниот турнир и на смаиот мундијал. Холандија во полуфиналето ќе се сретне со победникот од вториот денешен четвртфинален меч меѓу Уругвај и Гана.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Фелипе Андерсон го напушта Лацио, се враќа во Бразил

Објавено пред

Фелипе Андерсон по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе го напушти Лацио. Изнендување претставува неговата следна дестинација, бидејќи италијанските медиуми тврдеа дека тој ќе се пресели во Јувентус. Сепак, Андресон реши да се врати во Бразил.

dobivaj vesti na viber

Андерсон, во светлосиниот дрес одигра 319 натпревари, постигна 58 голови и забележа 63 асистенции.

Играчот од средниот ред во два мандати настапуваше за Лацио, од 2013 до 2018 година и од 2021 до 2024 година. Помеѓу овие два мандати, без многу успех играше за Вест Хем и Порто.

Андерсон, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас. Потпиша договор со клубот од Сао Паоло до 31 декември 2027 година.

Италијанските медиуми наведуваат дека причините за враќање во татковината се од приватен карактер.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Покетино лут поради скандалозното однесување на играчите: Следниот пат сите ќе летаат надвор

Објавено пред

Конор Галагер, како вистински капитен, ја реши расправијата меѓу Палмер, Џексон и Мадуеке, кој да го шутира пеналот против Евертон. Му ја даде топката на Палмер, бидејќи кога е на теренот тој е задолжен да ги изведува пеналите.

dobivaj vesti na viber

Расправијата фрли дамка на одличното издание на Челси против Евертон и победата од 6:0, во која палмер постигна четири гола и стана првиот играч на „сините“ уште од Еден Азар кој постигнал најмалку 20 голови во една сезона.

Лут на прес конференцијата беше менаџерот Маурисио Покетино, кој ја коментираше расправијата на своите играчи, а не фантастичната победа.

„Најпрво сакам да кажам дека вие, играчите, стручниот штаб и клубот знаете дека Кол Палмер ги изведува пеналите. Срамно е, вознемирен сум. Многу сум вознемирен. Во соблекувалната зборувавме за тоа како се претставуваме затоа што овој натпревар кој се играше во понеделник навечер, го гледаа луѓе во целиот свет. Срамота, сакам да им се извинам на луѓето кои го следат фудбалот и на нашите навивачи, ова е неприфатливо“, изјави Покетино.

Освен за прес-конференцијата, Покетино за „Скај Спортс“, зборуваше и за кавгата која настапа околу тоа кој ќе го шутира пеналот.

„Им кажав дека ова е последен пат да толерирам вакво однесување. Следниот пат ќе ги избркам сите. Ова не е шега.“

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Будимир го изведе најлошиот пенал во историјата, па заврши во болница, скришил три ребра

Објавено пред

Анте Будимир, најдобриот стрелец на Осасуна оваа сезона, синоќа против Валенсија се изрезили за „сите пари“. Хрватот, кој во моментотв е втор најдобра стрелец во Примера, го изведе најлошиот пенал во историјата.

dobivaj vesti na viber

Стрелецот на 16 голови оваа сезона, во 97.минута од натпреварот, при водство на Валенсиј 0:1, до последен момент го чекаше голманот Мамадршвили да падне, на крајот буквално му ја даде топката во рацете.

Пеналот на Будимир може да го погледнете во приложеното видео:

„Анте веќе три пати ми побара прошка за пеналот што го изведе, но нема што да му простам. На крајот на краиштата, Будимир ни донесе толку многу среќа што немаме право да му лутиме за промашувањето, мораме да го охрабриме“, рече по мечот тренерот на Осасуна, Арасате.

Промашениот пенал е најмалиот проблем што во моментов го има Будимир. Тој се повредил против Валенсија и ноќта ја минал во болницата.

„Веднаш по натпреварот Анте Будимир беше пренесен во Универзитетската болница во Навара. Тестовите покажаа дека претрпел сериозна траума во пределот на градниот кош. Поточно, скршил три ребра. Прими лекови против болки. Ноќта ќе ја помине во болница. а во вторник ќе биде подложен на дополнителни претреси“, објави клубот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија24 минути

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион1 час

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет2 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет2 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион2 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија11 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија12 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија19 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија20 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија20 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија21 час

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија22 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized22 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ22 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија23 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...