Спорт
Очекувани настапи на македонските студенти каратисти на СП

На Светското универзитетско првенство во Подгорица на кое според официјалните информации од организаторот учество земаа 56 држави, македонските репрезентативци студенти, досега настапија со променлив успех
На саботните натпревари, во категоријата кати поединечно, Марија Гудеска доживеа пораз во првото коло од Украинката Вјеник Кристина со минимален резултат 2:3. Дејан Милошески исто така беше поразен во прво коло од Чои ја Мои од Јужна Кореја.Мери Радичевска во категоријата борби -50 кг со 0-1 беше поразена во првото коло од Фуџии Рју од Јапонија. Наташа Илиевска во категоријата борби -55 кг. Во првото коло ја победи италијанската преставничка Зега Мишела со резултат 2-1. а во второто коло доживеа пораз на од Јапонката Кобујаши Мики со резултат 0-3. Наташа Стефановска во прво коло ја победи на натпреварувачката од Јапонија, Мијамото Ју со резултат 2-0. Второ коло пораз на Наташа од Маја Јовановиќ со изјаснување на судиите во полза на натпреварувачката од Србија. Томе Тодоровски во категоријата на -67 кг во прво коло пораз од натпреварувачот од Јапонија, Мијамото Даки со резултат 2-0. Останатите наши спортисти Милан Рилак во категоријата борби -60 кг. беше поразен во првото коло од натпреварувачот од Србија со 2-0. Вања Груевски во категоријата борби -75 кг пораз во прво коло од натпреварувач од Русија со резултат 4-3. Жарко Арсовски во првото коло го совлада можеби најсилниот конкурент во оваа категорија, освојувачот на златниот медал на турнирот во Париз опен,Французот Ибрахим Гари. Во второто коло тој се сретна со Светскиот првак Иранецот Модами Вискаеи и загуби со висок резултат од 0-6. Иранецот влезе во финале и Жарко доби шанса во репасажните борби да дојде до бронзениот медал. Во третото коло се сретна со Турскиот стандарден репрезентативец Јашар Саминдекин и го победи со резултат од 2-0. Во последното коло Жарко за бронзата загуби од Англискиот натпреварувач со резултат 0-2 и мораше да се задоволи со остварениот пласман на петтото место.Моника Стефановска категорија на + 68 кг. во првото коло беше слободна, во второто коло победа над каратистката на Кореја Парк Џина со резултат 4-0, Третото коло, односно во четвртфиналето го загуби од Амила Фазлиќ од БиХ по регуларен дел на натпреварот од 0-0, продолжение исто така 0-0 и судиско изгласување за натпреварувачката од Босна.Огнен Груевски загуби од натпреварувачот од Украина со резултат 3-0 во првото коло. Елизабета Илиевска во категоријата борби -67 кг пораз во првото коло со резултат 1-0 од репрезентативката на БиХ, Тања УмичевичќСветското Универзитетско првенство завршува денска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гатусо ќе биде новиот селектор на Италија

Џенаро Гатузо наскоро ќе биде именуван за селектор на италијанската репрезентација, објавува најпознатиот инсајдер, Фабрицио Романо. Тој тврди дека до неодамна тренерот на Хајдук ги договорил условите со Фудбалскиот сојуз на Италија. Сè уште има мали детали што треба да се разработат, а во следните неколку дена Сојузот ќе објави дека Гатузо потпишал договор.
На чело на италијанската репрезентација, Гатузо ќе го наследи Лучано Спалети, кој беше отпуштен минатата недела. Гатузо минатата сезона со Хајдук го освои третото место во Хрватска, а претходно во кариерата ги водеше Милан, Наполи, Валенсија и Марсеј. Единствениот трофеј во неговата кариера е купот со Наполи во 2020 година.
Гатузо ќе собере јадро од поранешни светски и европски шампиони како асистенти и ќе изгради нова репрезентација заснована на чувство на припадност и искуство, пишуваат италијанските медиуми. Го убедил Леонардо Бонучи, кој моментално е во тренерскиот штаб на италијанската репрезентација до 20 години. Негов втор помошник ќе биде Андреа Барзаљи.
Барзаљи, Бонучи и Гатузо играа заедно во репрезентацијата кај Марчело Липи и во 2006 година станаа светски шампиони..
Стручниот штаб треба да го пополни и Џанлука Замброта, уште еден поранешен италијански ас. Тој е без договор седум години, а неговиот последен ангажман беше во кинескиот Сунинг, каде што беше помошник тренер.
Чезаре Прандели, поранешниот селектор на Италија, треба да стане технички директор на националниот тим. Прандели е прославен италијански пензиониран фудбалер и поранешен тренер. Денес има 67 години. Ја водеше Италија од 2010 до 2014 година и беше на клупата на бројни големи клубови како што се Рома, Галатасарај и Фиорентина.
Спорт
АЕК не излезе на теренот, ЕХФ жестоко го казни Партизан

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ја донесе конечната одлука во врска со инцидентите во полуфиналниот натпревар од Купот на ЕХФ помеѓу Партизан и АЕК Атина.
Во реваншот во Белград, грчките ракометари за време на загревањето, кога експлодираа две петарди, решија да се повлечат и да не го играат натпреварот.
Подоцна, реваншот се одигра во бугарскиот град Шумен, кога Партизан го надомести дефицитот од пет гола, но потоа беше елиминиран по изведувањето пенали.
ЕХФ, одреди драконска казна за спрскиот шампион.
Црно-белите ќе ги играат следните пет европски натпревари без публика, три веднаш на почетокот на следната сезона, а две подоцна.
Српскиот шампион беше казнет и со вкупно 19.500 евра – 15.000 за однесувањето на навивачите и 4.500 за политички транспарент.
Клубот ќе ги сноси сите трошоци за организирање на натпреварот во Шумен, каде што беше одигран реваншот со Грците.
Жалбата е можна во рок од седум дена.
Слична тактика челниците на АЕК се обидоа да применат и во финалето против Алкалоид во Скопје. Откако Алкалоид го доби првиот меч во Атина (29:25), во реваншот ракоемтарите на грчкиот тим одбија да излезат на теренот во арената „Борис Трајковски“ бидејќи нивните навивачи не биле во салата.
На крајот, по речиси две недели, ЕХФ донесе одлука да го регистрира мечот со службен резултат 10:0 и да му ја додели титулата на Алкалоид.
Спорт
Дејвид Бекам ја доби титулата „Сер“
На Дејвид Бекам му беше доделена титулата „Сер“ од британскиот крал Чарлс III.
Познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед го доби ова признание на доделувањето на наградите по повод роденденот на британскиот крал, привилегија што ја имаат само мал број луѓе.
Покрај Бекам, оваа титула претходно ја освоија легенди на Јунајтед како што се Боби Чарлтон и Алекс Фергусон. Бекам ја доби титулата „сер“ поради неговиот „голем придонес“ за државата.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед играше и за ПСЖ, Реал Мадрид, Милан и ЛА Галакси, а имаше 115 настапи за репрезентацијата на Англија.
„Растејќи во Источен Лондон со родители, баби и дедовци кои беа толку патриотски настроени и горди што се Британци, никогаш не можев да замислам дека ќе добијам толку големо признание“, рече Бекам.
Бекам е 14-ти на листата на фудбалски работници кои ја добиле титулата „Сер“ во Британија. На таа листа има и четири тренери на Англија, а последен што ја добил оваа титула е Гарет Саутгејт.
Бекам моментално е сопственик на Интер Мајами, каде што игра Лионел Меси.