Спорт
Славниот Ливерпул доаѓа во Скопје
Славниот англиски фудбалски клуб Ливерпул во четврток доаѓа во Скопје, каде на арената „Филип Втори“ ќе го игра мечот со Работнички, во рамки на квалификациско коло во УЕФА Европа лигата
„Црвените“ од Енфилд Роуд доаѓаат во Скопје откако вчера во реваншот во Ереван, Работнички одигра нерешено без голови против ерменскиот првак Мика, што по победата во првиот меч од 1:0 во Скопје, беше доволно за поминување во третото коло.Тренерот Рој Хоџсон до денеска има рок да ги заврши сите трансфери на фудбалери во клубот, за да можат новајлиите да настапат на мечот во Скопје, што ќе се игра на 29. јули.Првично Работнички требаше да гостува на Енфилд Роуд, но поради тоа што и Тетекс обезбеди понатамошен настап, а Македонија има само еден стадион за вакви натпревари, Романтичарите најпрво ќе бидат домаќини, па потоа на 5. август ќе гостуваат во Ливерпул.„Црвените“ веќе се засилија со фудбалерот на Челзи Џо Кол и младиот одбранбен фудбалер Дени Вилсон, како и со Милан Јовановиќ, кој дојде како слободен играч од Стандард Лиеж.Не се знае каков состав на Ливерпул ќе допатува во Скопје, и дали во тимот ќе бидат и ѕвездите од типот на Џерард, Торес, Кајт.Сиве овие фудбалери настапуваа на неодамна завршеното Светско фудбалско првенство во Јужна Африка, па со оглед на близината на новата сезона во Премиер лигата, можно е тие да бидат изоставени и да се чуваат за понатамошните натпревари. „Ми велат дека е погрешно ако ги употребам овие фудбалери толку рано, доколку сакаме подоцна да ги употребуваме за време на сезоната…Губиш и ако играат, губиш и ако не играат“, смета Хоџсон.Стратегот на Работнички Зоран Стратев вели дека со победата над Мика е остварен голем успех на клубот и дека сега предизвикот е поголем.„Ова е голем успех за Работнички и македонскиот фудбал. Знаеме дека и во Скопје Ливерпул е апсолутен фаворит, но можам да ветам дека ќе дадеме сè од себе“, рече Стратев, на прес конференција по вчерашниот меч во Ереван.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.