Спорт
Бразилски фудбалер обвинет за грозоморно убиство
Бразилската полција и официјално го обвини поранешниот голман на Фламенго, Бруно, за убиство на неговата љубовница со која имал петмесечно синче
Освен против 25-годишниот Бруно Фернандез де Соуза, обвинение за убиството на Елиза Силва Самудио е подигнато и против уште седум лица, меѓу кои е и сопругата на фудбалерот Дајана Родригез. Полцијата тврди дека има доволно цврсти докази за злосторството, иако телото на Дамудио се уште не е пронајдено. „Собравме доволно докази против Бруно и неговите помагачи. Успеавме да ги склопиме сите делови од мозаикот“, изјавил главниот полициски инспектор, Едсон Мореира, пренесе Reuters.Младат девојка исчезна пред еден месец, а полицијата се соменва дека е брутално претепана и задавена, по што била исечена на делови а со деловите од нејзиното тело биле хранети кучиња. Ова убситво ја шокираше бразилскат ајавност, особено затоа што во земјата каде фудбалот е главната работа, Бруноо беше лидер и капитен на еден од најстарите фудбалски клубови Фламенго, а беше и еден од најпопуларните бразилски голмани. Ова лето се шпекулираше дека Бруно ќе замине во некој од богатите европски клубови, а најмногу интерес за него покажаа португалскиот Порто и италијански Милан.Отакао беше ставен во притвор, неговиот матичен клуб Фламенго му врачи отказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.
Спорт
И Манчестер јунајтед го сака Дани Олмо
Манчестер jунајтед влезе во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Неодамна на пријателскиот натпревар со Брзил во Мадрид постигна гол во меч кој заврши без победник (3:3).
Олмо, во јуни минатата година го продолжи договорот со Лајпциг до летото 2027 година, но тоа не значи дека ќе остане таму до крајот на договорот.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.
За него претходно беа заинтересирани Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Реал Мадрид, а од неодамна во трката влезе и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ парите за трансферот ќе соберат од продажба на играчи кои веќе немаат место во тимот. Прашање е дали Олмо ќе ги избере „црвените ѓаволи“, бидејќи се уште не се сигурни дали ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.