Спорт
Јуве се откажува од Красиќ, го лови Бастош
И покрај тоа што се сметаше за веќе завршен договорот меѓу Јувентус и московска ЦСКА за трансферот на српскиот интернационалец, тој сепак најверојатно нема да се оствари, па „Старата дама“ се сврти кон 27-годишниот бразилски репрезентативец
Милош Красиќ и неговиот актуелен клуб ЦСКА Москва веќе неколку месеци се во интензивни преговори со раководството на Јувентус а според написите од италијанскиот спортски печат минатат седмица, во текот на долгите преговори Јувентус успеал да го убеди раководството на московска ЦСКА да му го продаде српскиот фудбалер за 15 милиони евра. Торинската „Стара дама“ прво понуди 12.5 милиони евра, додека ЦСКА не сакаше да го продаде за цена пониска од 14 милиони евра. И милански Интер по барање на новиот стратег Рафа Бенитез кој за Србинот беше заинтересира уште додека го водеше Ливерпул, водеше преговори со московска ЦСКА за преминување на српскиот репрезентативец Милош Красиќ, но и тие не беа успешни.Јувентус соочен со тешкотии околу трансферот на Красиќ се сврти кон левокрилниот напаѓач на францускиот Лион, Микаел Бастош кој настапи за бразилската репрезентација на мундијалот во Јужна Африка. Бастош претходно се споменуваше и при можни трансфери во миланските гиганти Милан и Интер, но тие не беа подготвени да платат одколу 20 милиони евра, колку што бара Лион кој со Бразилецот има договор до 2013 г. Во Торино се надеваат дека сепак ќе успает да го доведат Бастош, како големо засилување во својот напад, пишува Corriere dello Sport.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.