Спорт
Пандев нов капитен на фудбалската репрезентацијата
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Мирсад Јонуз, повика 22-ца играчи, кои ќе конкурираат за место во тимот, во септемврискиот циклус квалификации за пласман на Еуро 2012
Цехот за лошото издание на репрезентацијата на пријателскиот натпревар против Малта, одигран на 11. август, го платија Владе Лазаревски и Бесрат Ибраими. Покрај овие двајца на списокот од мечот со Малта го нема и Никола Глигоров. Селекторот Јонуз, на прес конференцијата соопшти дека во квалификациите Македонија ќе стартува со нов капитен, на теренот колегите ќе ги предводи Горан Пандев. Квалификациите Македонија ќе ги отвори на 3. септември против Словачка, репрезентација која на неодамнешното Светско првенство во Јужна Африка, преку Италија избори пласман во осминафиналето.Собирот на репрезентативците, спротивно на претходните квалификациски искуства, селекторот го закажа на 30. август во Братислава.„Натпреварот со Словачка психолошки делува на фудбалерите, ќе морам да ја употребам целата своја филозофија за од нивниот грб да го тргнам психолошкиот товар“, изјави Јонуз.Голманската позиција е таа која на предводникот на националниот тим му создава главоболки. По тешката повреда на Томе Пачовски, прв голман ќе биде чуварот на мрежата на кипарски Етникос, Един Нурединоски.„Нурединоски покажа добра форма на пријателските натпревари кои ги одиграме против Азербејџан и Романија, ќе биде достојна замена за Пачовски, за кого очекувам да биде со нас во пролетниот дел од квалификациите“, вели селекторот.Главна цел на фудбалските репрезентативци во овој квалификациски циклус ќе биде да се мине „вечната“ четврта позиција на табелата, и доколку е можно да се замешаат во борбата за првите две места.„Играчите се откажаа од премиите во случај на крајот од квалификациите да го освојат четвртото место. Репрезентацијата е добро укомпонирана и очекувам успешен старт на квалификациите“, смета Јонуз.Покрај натпреварот со Словачка, во септември Македонија ќе игра и против Ерменија. Дуелот ќе се одигра во Скопје на 7. септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.
Спорт
Колку заработи Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?
Прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност.
Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“.
Ѓоковиќ најверојатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, пред најважните турнири во годината, додека Хрватите пишуваат дека, без разлика на се, Иванишевиќ добро заработил од оваа соработка.
Соработката на ова дуо траеше речиси шест години, во кои Ѓоковиќ освои 12 грен слем титули.
Наводно, Ѓоковиќ му плаќал на Иванишевиќ од 6.000 до 10.000 евра неделно, односно легендарниот Хрват добивал 10 отсто премија од заработката на српскиот тенисер на турнирите.
Иванишевиќ заработил повеќе од 300.000 евра само од плата минатата година.
Ако ја земеме таа бројка како просечна заработка на Иванишевиќ за време на соработката со Ѓоковиќ и процентот од освоените турнири, Иванишевиќ во последните шест години како тренер на најдобриот тенисер во светот заработил помеѓу два и четири милиони евра.
Инаку, Иванишевиќ во кариерата како активен играч заработи околу 16 милиони евра. Кариерата во која освои еден грен слем (Вимблдон), Иванишевиќ ја заврши во 2011 година.
Спорт
Калафиори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми
Јувентус бара нови играчи во одбраната, откако е извесно дека Бремер ќе се пресели во Манчестер јунајтед.
Еден од можните наследници на Бразилецот е фудбалерот на Болоња, 21-годишниот Рикардо Калафиори. Барем така сметаат во клубот, бидејќи фудбалерот не е ни најмалку импресиониран од интересот што за него го покажа славниот италијански клуб.
Играчот чија вредност според „Трансфермаркт“, скокна од пет милиони евра на 25 милиони евра од октомври минатата година е под договор со Болоња до летото 2027 година.
Калафиори вели дека сака да го испочитува договорот што го има со актуелниот клуб отколку да се пресели во Јувентус.
„За мене Јувентус би бил чекор назад во споредба со Болоња, клуб кој работи на вистински начин. Попрво би останал овде отколку да го облечам дресот на Јувентус. Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми. Нема пари за кои јас би отишол таму“, изјави Калафиори.