Спорт
УЕФА го казни Работнички за расизам
Европската фудбалска федерација го казни скопски Работнички со десет илјади евра заради расизмот на неговите навивачи, јави во петок навечер Mailonline
Инцидентот според соопштението на УЕФА се случи на првиот натпревар во 3-то претколо од Европа лигата, кога на скопската арена „Филип Втори“ Работнички преd повеќќе од 22 илајди гледачи го пречека голeмиоt фаворит Ливерпул.Како што пренесува Mailonline, според УЕФА црнокожите играчи на „редсите“ Давид Нгог кој ги постигна двата гола на тој натпревар и Давид Аму биле навредувани при секој контакт со топката. Ова репортерите на Форум не го забележаа, како што веруваме и сите останати присутни на таа вечер на стадионот. Точно е дека еден играч на Ливерпул беше исвиркуван при секое негово сретнување со топката, но тоа беше Гркот Кирјакос. Меѓутоа, порталот ја презентира фотографијаta за која тврди дека е направена на скопскиот стадион на мечот Работнички – Ливерпул 0:2, која била наводниот доказ за расизмот на навивачите на „романтичарите“.Изјавата на УЕФА гласи: „Телото за контрола и дисциплински постапки го казни со 10 илајди евра ФК Работнички заради дискриминаторското однесување на неговите навивачи на натпреварот од УЕФА Европа лигата, во третото квалификациско коло на првиот натпревар против Ливерпул на 29-ти јули во Скопје“.Сепак, ние остануваме на ставот дека станува збор за издвоен инцидент а не за постојани навреди и скандирања кон двајцата црни фудбалеи, и најверојтно не со вистинска расистичка намера, познавајќи ги македонските навивачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.