Спорт
Извлечени групите во Лигата на Шампионите
Во Монако во четврток попладне беше одржан жребот за формирање групи, од 32 екипи поделени во четири според квалитетот беа формирани осум групи со по четири клубови
Најатрактивна е групата Г во која три поранешни европски шампиона ќе се борат за двете места кои гарантираат продолжување на натпреварувањето во најелитното фудбалско натпреварување во Европа, па и во светот. Но еве ги составите на групите:Група А: Интер, Вердер, Тотенхем и Твенте;Група Б: Лион, Бенфика, Шалке 04 и Хапоел Тел-Авив;Група Ц: Манчестер јунајтед, Валенсија, Глазгов Ренџерс и Бурсаспор;Група Д: Барселона, Панатенаикос, ФК Копенхаген и Рубин Казан;Група Е: Баерн Минхен, Рома, Базел и Клуј;Група Ф: Челзи, Олимпик Мареј, Спартак Москва и Жилина;Група Г: Милан, Реал Мадрид, Ајакс и Оксер, и Група Х: Арсенал, Шахтјор, Брага и Партизан.Мечевите од групната фаза се закажани по редоследот: прво коло – вторник/среда, 14/15 септември 2010; второ коло вторник/среда, 28/29 септември 2010; трето коло – вторник/среда, 19/20 откомври 2010; четврто коло – вторник/среда, 02/03 ноември 2010; пето коло – вторник/среда, 23/24 моември 2010 и ешстото коло – вторник/среда, 07/08 декември. 2010.Двете првопласирани екипи од секоја група одат во осмина финалето од Лигата на шампионите а третопласираните го продолжуваат натпреварувањето во шеснаесетфиналето од Лигата на Европа. Жрепката за елиминациската фаза од еврокуповите ќе се одржи во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион на 17-ти декември од 13 часот.Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 28-ми мај 2011 г. во Лондон, а во Лигата на Европа десет дена претходно, на 18-ти мај 2011 г. во Даблин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата им забрани на собирачите на топки да ја враќаат топката во игра
Премиер лигата воведе ново правило кое се однесува на момчињата кои ги собираат топките, пишуваат англиските медиуми. Тие повеќе нема да смеат да им ги фрлаат топките на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места до теренот. Оваа измена е воведена за домашните екипи да не имаат неправедна предност.
Во последниве години, тренерите почнаа да им придаваат се поголемо значење на собирачите на топки, некои од нив дури лично да им даваат инструкции како да ја вршат својата работа.
Најчесто акцентот се ставаше на побрзо фрлање на топката кон играчите за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Исто така, собирачите на топки знаеја да прават мали опструкции кога нивниот тим ја има предноста.
Со воведувањето на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде еднакви услови и за домашните и за гостинските екипи.
Спорт
Чаби Алонсо ги одби гигантите ќе остане во Леверкузен
Чаби Алонсо потврди дека и наредната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен. Шпанецот со „фармацевтите“ е на добра пат да ја освои првата Бундес лигата во клупската историја. Неговиот тим, во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, нема доживеано ниту еден пораз.
Чаби Алонсо долго време се поврзуваше со Ливерпул и Баерн Минен, клубови за кои играше во кариерата, но денес стави крај на тие шпекулации.
„Имав многу добри разговори со челниците на клубот и им кажав дека сакам да останам во Баер. Ова е најдоброто место за мене “, изјави Чаби Алонсо и продолжи:
„Нема да коментирам за Ливерпул или Баерн. Тие се големи клубови и јас сум поврзан со нив. Сепак, сега сум таму каде што сакам да бидам. Сега не е време да зборувам за иднината, сакам да се развивам понатаму во Баер. Веќе им ја соопштив одлуката на играчите “, рече 42-годишниот тренер.
Алонсо го презеде Леверкузен во октомври 2022 година, а пред тоа го тренираше вториот тим на Реал Сосиедад.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.