Контакт

Спорт

Мундобаскет Турција 2010

Објавено пред

На претстојното 16-то по ред светско првенство кое започнува во сабота во Турција покрај Шпанија и Грција, на првото место ќе атакуваат Србија, Русија и Хрватска

dobivaj vesti na viber

Кошарката е родена во 1891 година во Спрингфилд, Масачусетс, како „дете из епрувете“ бидејки мајка нема, а за нејзин татко се смета Др. Џејмс Нејсмит. Тој ги воспостави основните правила на оваа игра по кои се одржа и првиот меч во локалното училиште со  фудбалска топка и со мрежички без дупка на дното, па топката мораше да се вади од неа по секој постигнат кош. Оттогаш па до денес оваа игра претрпе големи измени, и ако некој оспорува дека стана спорт број 1, сигурно не може да оспори дека стана најатрактивен спорт на планетата земја.Кошарката  ги направи првите чекори на американскиот континент, па можеби затоа и на воведните светски првенства доминираа екипи од овој дел на светот. На првото СП во 1950 година во Аргентина, победија домаќините пред САД и Чиле. Четири години подоцна во Бразил, САД дојдоа до првиот наслов, сребрени беа Бразилците, а бронзени кошаркарите на Филипини. Во Чиле во 1959 година Бразил во финалето се реваншира на САД за поразот на претходното првенство, а домаќинот го освои третото место. Во1963 година Бразил втор и последен пат се закити со круната на домашен терен, а оваа година за прв пат до медали дојдоа екипи од европскиот континент. Југославија го освои сребрениот а СССР бронзениот медал. Токму Југославија и Советскиот Сојуз ќе обележат една ера на доминација на две екипи од Европа менувајки се на тронот на сите светски првенства се до 1986 година. СССР за прв пат стана светски првак во 1967 година во Уругвај, победувајки ја Југославија во финалето, а вкупно има три наслови, исто како САД и Југославија. Последен пат прваци беа во 1982 година со генерацијата во која играа Ткаченко, Валтерс, Сабонис, Еремин, Јовајша, Хомичиус, Белостењи, а предводени на клупата од славниот полковник Александар Гомељски.Југославија првата од трите титули ги освои во Љубљана 1970 година со екипа во која играа Тврдиќ, Плеќаш, Сканси, Јеловац, Данеу, Чосиќ, Шолман, Симоновиќ, Капичиќ, Чермак, Жорга и Рајковиќ. По ова првенство во сите градови во тогашна Југославија на бандерите беа закачувани табли со кошеви, а децата наместо фудбал по сокаците, започнаа да играат кошарка. Оваа експанзија на кошарката придонесе да дојдат генерации кои обележаа доминација на југо-баскетот со играчи од калибар на Драган Кичановиќ, Зоран Славниќ Мока, Дражен Далипагиќ, Мирза Делибашиќ, Жељко Јерков, Жарко Вараиќ, Ратко Радовановиќ, вечниот Крешимир Чосиќ. Така беше се до последната круна пред распадот на Југославија кога за последен пат заедно играа Дражен Петровиќ, Владе Дивац, Тони Кукоч, Жарко Паспаљ, Аријан Комазец, Јуриј Здовц, Велимир Перасовиќ, Зоран Савиќ, Зоран Чутура и Зоран Јовановиќ, тим што во финалето во 1990 година им одржа лекција на САД кои ги потценија противниците и настапија само со три НБА играчи, Алонзо Морнинг, Кени Андерсон и Били Овенс. Гледачите имаа можност во финишот на финалниот натпревар да видат атракции и „шишање“ на американските кошаркари, понижени од легендарниот Дражен и компанијата.САД има три титули. Во 1986 година им досади 32-годишен пост и решија на светското првенство наместо колеџ кошаркари од НЦАА,  да пратат екипа на соништата од НБА ѕвезди. Дрим тимот кој неодамна влезе во куќата на славните беше составен од играчи чии имиња и ден денес се сон и недопирливи за новите генерации.  Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Лери Брд, Патрик Јуинг, Џон Стоктон, Карл Мелоун, Чарлс Баркли, Дејвид Робинсон, Скоти Пипен, Клајд Дрекслер и Кристијан Лајтнер ја донесоа втората титула за САД на шампионатот во Шпанија. Во финалето го совладаа СССР, тим што во полуфиналето во трилер меч, за само 49 секунди до крајот со три тројки успеа да надомести  негатива од девет поени против Југославија, на чија клупа Сканси прерано почна да прославува победа.СССР и Југославија се распаднаа како држави, а од овие две мега репрезентации никнаа како пипци од октопод нови силни тимови, Па СР Југославија, односно Србија и Црна Гора, освоија уште две првенства, а Русија два пати, и Хрватска еднаш, беа закитувани со сребрени медали.Последни победници од СП 2006 година во Јапонија, предводени од вонсерискиот По Гасол се Шпанците на кои ова им е единствен медал и тие ќе ја бранат титулата во Турција но без својата ведета. Грција беше втора на минатото првенство, а САД трет. Самиот пласман најавува дека од 2006 година можеби започнува ера во која поранешните великани на кошарката ќе мора полека приматот да го предаваат на  „новите клинци“. На претстојното 16-то по ред светско првенство кое започнува во сабота во Турција покрај Шпанија и Грција, на првото место ќе атакуваат Србија, Русија и Хрватска. Словенците посакуваат изненадување, а  тимови за респект имаат Германија, Литванија, Турција, па и Кина земји кои дале во НБА лигата играчи од екстра класа. Порторико се обидува да се врати на старите патеки од седумдесетите години, а не треба да се заборават Канада, па и Австралија. Сите овие несомнено ќе се обидат да станат дел од историјата и за прв пат да изборат статус на светски првак. На шампионатот на планетата, Кајсери, Истанбул, Анкара и Измир ќе бидат домаќини на вкупно 24 репрезентации, поделени во четири групи во првата фаза на првенството.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Цолакис одбрани три пенали – Олимпијакос го елиминира Фенербахче

Објавено пред

Познати се сите полуфиналисти во Конференциската лига. На Фиорентина, Астон Вила и Клуб Бриж им се приклучи Олимпијакос. Грците, по голема драма, успеаја да го минат Фенербахче по избедувањето пенали и за прв пат во својата историја да се пласираа во полуфинале во натпреварување одрганизирано од УЕФА.

dobivaj vesti na viber

Олимпијакос допатува на ревашот во Истанбул, против Фенербахче со предност од 3:2. Таа предност Фенер ја анулираше по само 11 минути игра, кога Кавечи погоди за 1:0.
Сепак до крајот на натпреварот немаше голови.

На крајот пенал серијата донсе невидена драма, од која како херој излезе голманот на Олимпијакос Цолакиз.

Цолакис ги одбрани ударите на Тадиќ, Ченгиз Ундер и Бонучи. Ел Араби не реализираше за Олимпијакос, исто како и Родинеи во последната серија, неговата топка по одбраната на Ливаковиќ удри во гредата и падна на гол линијата.

Олимпијакос во полуфиналето ќе игра против Астон Вила.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Милан и со играч плус немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Објавено пред

Италија има два клуба во полуфиналето на Лига Европа. Пласманите на Рома и Аталанта меѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварување и донесоа на Италија уште едно место во Лигата на шампионите наредната сезона.

dobivaj vesti na viber

Рома и во реваншот го победи Милан (2:1) и покрај тоа што повеќе од 60 минути играше со фудбалер помалку. Вкупниот резултата во овој двомеч е 3:1 за „волчицата“.

Аталанта загуби на домашен терен од Ливерпул (0:1), но победникот во двомечот го реши триумфот на Аталната во Ливерпул, пред една недела (3:0).

Во полуфиналето е и германскиот шампион Баер Леверкузен. „Фармацевтите“, во 89.минута избегнаа пораз во Лондон од Вест Хем (1:1). Баер ја продолжи неверојатната серија, тимот на Чаби Алонсо нема пораз оваа сезона.

Милан практично беше нокаутиран во Рим по 20-ина минути. Рома поведе со 2:0 со головите на Манчини во 12. минута и Дибала во 22. минута и дојде до вкупни 3:0. Малку надеж Милан доби во 31.минута кога Зеки Челик доби црвен картон.

Сепак и со играч плус на теренот, Милан не успеа сериозно да се закани. Во вториот дел Рома имаше две големи шанси преку Спенацола и Ејбрахам. Се што направи Милан на овој меч е голот на Габија во 85.минута.

Ливерпул и покрај сериозната негатива од првиот меч, се обиде да направи чудо во Бергамо. на крајот не успеа и покрај тоа што со голот на Салах во 10.минута од пенали дојде до предност.

Египќанецот имаше уште една одлична шанса во првото полувреме, но неговиот обид за лоб помина покрај голот. Во продолжение Ливерпул не успеа да постигне уште еден гол, а не создаде ниту голема шанса. На крајот, сепак, Аталанта немаше многу проблеми да ја одбрани големата предност од првиот меч.

Баер во Лондон дојде во одлично расположение. Обезбедена првата титула во клупската историја, без претрпен пораз во сите натпреварувања во сезоната и предност од 2:0 од првиот натпревар.

Но во 14. минута Вест Хем ја преполови таа предност преку Антонио. Но, за жал, на Вест Хем, тоа беше се што успеа да направи премиерлигашот. „Чеканите“ не успеаја да му го нанесат првиот пораз на Баер во сезоната, бидејќи Фримпонг постигна гол за 1:1 во 89. минута.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Мартинез ја однесе Вила во полуфиналето, Фиорентина во продолженијата ја „скрши“ Викторија

Објавено пред

Астон Вила и Фиорентина изборија пласман во полуфиналето на Конференциската лига. Фиорентина во продолженијата ја елиминира Викторија Плзен, а Астон Вила го доби пенал-рулетот, во Франција против Лил, благодарение на голманот Емилијано Мартинез.

dobivaj vesti na viber

Фиорентина заслужено влезе во полуфиналето. Чудо е како „виолетовите“ не успеаја да го решат прашањето околу кончениот победник во регуларните 90 минути.

Неколку пати фудбалерите на Фиорентина ја погодија стативата, а од 66.минута имаа и фудбалер повеќе на теренот.

Нико Гонзалес (92) и капитенот Кристијано Бираги (108) ги постигнаа головите, во победата 2:0, во продолженијата.

Фиорентина во полуфиналето ќе игра против подобриот од натпреварот Фенербахче – Олимпијакос.

Астон Вила „спаси“ глава во Лил. Најпрвин со голот на Кеш во 87.минута тимот на Унаи Емери се избори за дополнителни 30 минути фудбал, а потоа го искористи своето најсилно оружје во пенал-драмата, голманот Мартинез.

За Лил стрелци во регуларниот дел од натпреварот беа Јазичи во 15. и Андре во 67.минута.

Мартинез го одбрани пеналот на Бенталеб во првата серија, а во четвртата неговиот колега Шевалие го запре обидот на Бејли. Реши последниот пенал, Мартинез го прочита капитенот на Лил Андер и ја однесе Вила во полуфиналето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија9 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија9 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија11 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија15 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија19 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија19 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија19 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија22 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет23 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет24 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ2 дена

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија2 дена

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ2 дена

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија2 дена

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија2 дена

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија2 дена

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија2 дена

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...