Спорт
Шпанија загуби добиен меч
Светскиот шампион веќе го нанижа и вториот пораз на мундобаскетот во Турција, овојпат од Литванија во меч кој веќе го имаше добиено, додека домашната репрезентација и во третиот натпревар ја забележа и третата победа, сега против Грција
Вторникот беше резервиран за мечевите од третото коло во групите Ц и Д а во вечерните термини беа одиграни двата највозбудливи дуела. Турција во Анкара во рамките на Ц групата пред повеќе од десет илјади гледачи ја совлада Грција со 76:65. Во текот на целиот натпревар турската репрезентација го одржуваше водството а решавачка беше третата четвртина којашто ја добиа со 24:12, кога ја направија разликата што ја одржаа до крајот. На почетокот од последниот десетминутен период, Турција со серијата од 6:0 направи предност и од 18 поен и на Грција и’ го нанесе првиот пораз на шампионатот.До победата над традиционално незгодниот противни Турција ја предводеше Ерсан Иљасов со 26 поени и пет скокови, и со фантастичен шут за тројка – шест од шест. Во грчкиот тим најдобар беше 213 цм. високиот центар Иоанис Бурусис кој постигна 15 кошеви и седум скокови. Бранителите на титулата од последното светско првенство успеаја да направат неверојатен пресврт, но на своја штета. Имено на 14 минут и 13 секунди до крајот, Шпанците имаа предност од 18 поени, но дозволија на пет минути до крајот Литванија да го изедначи резултатот на 66:66 на 39 секунди пред крајот да поведе со кошот на Линас Клеис, со чии две слободни фрлања на шест секунди пред сирената беа постигнати конечните 76:73 за Литванците. Клеиза воедно беше и накпрецизниот кај победничкиот тим со 17 кошеви и осум скокови, а го следеа Мациулис и Поциус со по 13 поени. За Шпанија по 18 кошеви постигнаа Хуан Карлос Наваро и Марк Гасол, а Фернандез 13 кошеви и девет скокови. Во другите натпревари од 3-т коло во Ц групата Русија ја совлада репрезентацијата на Брегот на слоновата коска со 72:66, а Порторико Кина со 84:76. На табелата води Турција со три победи, Русија и Грција имаат по две, Порторико и Кина по една, а без победи е Брегот на Слоновата коска.Во Групата Д во Измир, покрај мечот Шпанија – Литванија, Нов Зеланд високо со 108:76 го совлада Либан, а Франција извојува тесна победа над Канада со 68:63.Во оваа група Франција и Литванија имаат по три победи, додека Шпанија, Нов Зеланд и Либан имаат по една победат и ќе се борат за третото место. Канада иако доста ослабена е најнепријатното изненадување забележувајќи три пораза во три меча.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.