Спорт
Познати осминафиналните двојки на мундобаскетот
Со одигрувањето на петтото коло се разрешија сите дилеми околу последните патници во осминафиналето на Мундобаскетот во Турција
Последната виза ја извади Кина (Група Ц), не заради победа во последното коло, во кое патем речено беа декласирани од Турција (84:40), туку заради изненадувачкиот пораз на Порторико од Брегот на Слоновата Коска (79:88). Во меѓусебен дуел Грција и Русија решаваа за пласман на второто место. Русите повторно настапија без Кријапа. Мечот беше одлучен во третата четвртина која Русите ја добија со 29:13, па во последниот период Грција не можеше да го надополни заостатокот.Во Д групата Франција со поразот од Нов Зеланд (70:82) од втората позиција падна на четвртата, па сега во осминафиналето наместо со Кина ќе игра со Турција, со што шансите за пласман меѓу осумте најдобри од изгледни ги направија малку веројатни. Во А групата Србија избори тешка победа против Аргентина (84:82) со што го освои првото место во групата. Скола, најдобриот стрелец на првенството играше симултанка со одбраната на Србија, повторно беше најефикасен (32 п.), но Србија имаше повеќе расположени поединци за игра, Савановиќ (19 п.), Крстиќ (18 п. 8 ск.), Теодосиќ (16 п.), имаше и 12 скокови повеќе што беше одлучувачко.Во Б групата САД, Словенија и Бразил постигнаа лесни победи против Тунис, Иран и Хрватска.Резултати:Група – А: Ангола – Австралија 55:76, Аргентина – Србија 82:84, Јордан Германија 73:91. Конечен пласман: Србија 9, Аргентина 9, Австралија 8, Ангола 7, Германија 7, Јордан 5.Група – Б. САД – Тунис 92:57, Словенија – Иран 65:60, Бразил – Хрватска 92:74. Конечен пласман: САД 10, Словенија 9, Бразил 8, Хрватска 7, Иран 6, Тунис 5.Група – Ц: Порторико – БСК 79:88, Грција – Русија 69:73, Турција – Кина 87:40. Конечен пласман: Турција 10, Русија 9, Грција 8, Кина 6, Порторико 6, БСК 6.Група – Д: Шпанија – Канада 89;67, Либан – Литванија 66:84, Н. Зеланд – Франција 82:70. Конечен пласман: Литванија 10, Шпанија 8, Н. Зеланд 8, Франција 8, Либан 6, Канада 5.Само три репрезентации САД, Турција и Литванија се без пораз, а три без победа, Јордан, Тунис и Канада. Најнепријатно изненадување на мундијалот е раната елиминација на Германија, Канада, па и на Порторико, по првиот круг.Во осминафиналето ќе играат: Србија – Хрватска, Шпанија – Грција, Словенија – Австралија, Турција – Франција, САД – Ангола, Русија – Н. Зеланд, Литванија – Кина и Аргентина – Бразил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.