Контакт

Спорт

САД уверливо до светското злато

Објавено пред

Со уверливи 17 кошеви разлика (81:64) американските кошаркари во финалето од Светското првенство во Турција го победија домаќинот и ја потврдија неприкосновената доминација откако на големите светски турнири настапуваат играчите од најсилната лига на планетава

dobivaj vesti na viber

САД со ова злато се одлепија од тројката репрезентации со по три светски злата – СФРЈ и СССР кои и онака веќе две децении „не се во можност“ да се појават на светските првенства. Ова беше четврта титула за САД, прва по 1994 г. во Канада. Во недела навечер, освен серијата од 8:0 во првата четвртина кога Турција направи три поена разлика (17:14) во ниту еден друг момент сериозно не се приближи до остварувањето на својот голем сон и приредување сензација. Сепак, играчите од НБА, особено овие кои беа испратени и со доза на скепса по откажувањето на најголеми ѕвезди, се пресилни за репрезентациите од остатокот на светот кај кои исто така недостигаа по играч-два од најсилното кошаркарско натпреварување. Во финалето Богдан Тањевиќ, имајќи го најверојатно предвид својот квалитет на клупата ја прифати играта на брзи напади и дозволување отворени шутеви на противникот, надевајќи се дека неговите играчи ќе ја повторат играта од полуфиналето против Србија кога имаа дури четворица играчи со двоцифрен број поени. Единствено кај Турците во првото полувреме добро функционираше зонската одбрана но таа беше доволна само за да се одржува водството на противникот на десет поени.Очигледно со ова не беа задоволни Американците и во првиот дел од третата четвртина додадоа гас правејќи ја долната граница на нивното водство од 15 поени разлика во своја полза по што само со куси интервали Турците успеваа да ја намалат најмногу до 11 поени а се зголемуваше и на и до плус 20. Така што веќе во првите три-четири минути од последната четвртина кошаркарите на САД почнаа да играат на долги напади а Турците без амбиции да ја им одземат топката, така што и преполната сала во Истанбул „Синан Ердем“ во која официјално имаше повторно 15.500 гледачи овојпат само можеше да го поздрави среброто на своите кошаркари кои успешно го искористија домашниот терен. Како и низ целиот турни и во финалето најдобар играч на мечот беше Кевин Дурант со 28 поени, од кои седум тројки од 13 обида, а повторно го следеше Ламар Одом со 15 кошеви и 11 скокови. Кај Турците Хидает Туркоглу со 16 поени и седум сокови беше најдобриот играч и единствен кој во секој поглед на  кошаркарската игра им парираше на противниците, а бледа поддршка имаше во Ерден со 9, и Иљасова и Тaнчери со по 7 поени. Кевин Дурант е прогласен и за МВП – најкорисен играч на Мундобаскетот со просечен учинок од 22,8 кошеви и 6,8 скокови по натпревар.Сега на листата по успешност водат САД со 4 злата, 3 сребра и 4 бронзи (11), втори и трети се распаднатите СФРЈ и СССР со идентичен учинок од по  3 злата, 3 сребра и 2 бронзи (вкупно 8 трофеи), Бразил има 2 златам 2 сребра и 2 бронзи, Србија и Црна Гора 2 злата, Аргентина по едно злато и сребро, Шпанија едно злато, Русија има две сребра, Турција едно сребро како и Грција, Чиле има две бронзи, а Литванија, Хрватска, Филипини и Германија по една бронза.Хронологија на освојувачите на медали Светските кошаркарски првенства:1950 во Аргентина: Аргентина злато, САД сребро, Чиле бронза;1954 во Бразил: САД злато, Бразил сребро, Филипини бронза;1959 во Чиле:  Бразил злато, САД сребро, Чиле бронза; 1963 во Бразил: Бразил злато, СФРЈ сребро, СССР бронза: 1967 во Уругвај: СССР злато, СФРЈ сребро, Бразил бронза; 1970  во СФРЈ: СФРЈ злато, Бразил сребро, СССР бронза;1974  воПорторико: СССР злато, СФРЈ сребро, САД бронза;1978 во Филипини; СФРЈ злато, СССР сребро, Бразил бронза; 1982 во Колумбија: СССР злато,  САД, сребро, СФРЈ бронза;1986 во Шпанија: САД злато, СССР сребро, СФРЈ бронза; 1990 во Аргентина: СФРЈ злато, СССР сребро, САД бронза;1994 во Канада; САД злато, Русија сребро, Хрватска бронза; 1998 во Грција: Југославија (Србија и Црна Гора) злато, Русија сребро, САД бронза;2002 во САД: Србија и Црна Гора злато, Аргентина сребро, Германија бронза;2006 во Јапонија: Шпанија злато, Грција сребро, САД бронза;2010 во Турција: САД злато, Турција сребро, Литванија бронза



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Објавено пред

Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се против идејата Дубаи да се приклучи во елитното натпреварување.

dobivaj vesti na viber

Иако пред неколку месеци беше претставено дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од европското натпреварување, може да дојде до пресврт.

Парите кои тимот би ги донел во Евролигата засега не се доволна причина.

„Енцестандо“ пренесува дека Реал е предводник на клубовите кои се противат на влезот на Дубаи цели седум години.

Наводно на страната на Реал застанале и Фенербахче и Баерн кои не сметаат дека парите треба да бидат пресуден фактор.

Еден од проблемите што би можел да го донесе Дубаи е нарушувањето на пазарот на играчи, бидејќи може да понуди многу повисоки плати од оние што моментално се во Европа.

Таму не се плаќаат даноци, па би било многу полесно да се ангажираат играчи отколку во другите европски земји.

„Енцестандо“ пренесува дека Дубаи наводно веќе им понудил договори на некои од играчите на најдобрите европски тимови со избраниот тренер Светислав Пешиќ.

Шпанците пишуваат и дека датумот кога ќе се гласа за влез на Дубаи се уште не е ни блиску.

Првобитното гласање требаше да се одржи во средината на март, а потоа беше одложено.

Во меѓувреме Дубаи е примен во АБА-лигата и примарната идеја е следната година прво да игра во Еврокупот, па дури потоа да дојде за прием во Евролигата.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач

Објавено пред

Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.

dobivaj vesti na viber

Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.

На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.

На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.

Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Објавено пред

Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.

dobivaj vesti na viber

Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.

Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.

Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија4 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија6 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија8 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија9 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија11 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет11 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија11 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет11 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија12 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет12 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...